Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со својот модуларен дизајн и паметни функции, новиот Easy UPS 3-Phase Modular на Schneider Electric е едно од UPS решенија

02 august 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

Глобалниот лидер во дигиталната трансформација на енергетското управување и автоматизацијата Schneider Electric, го најави дебито на пазарот на нов модел непрекинато напојување Easy UPS 3-Phase Modular. Со својот модуларен дизајн и функцијата Live Swap, тој обезбедува сигурна заштита за малите и средни центри за податоци и критично важни намени за бизнисот.

 

 

„Easy UPS 3-Phase Modular се нуди со капацитет од 50 до 250 kW со N+1 проширлива конфигурација и ја поддржува архитектурата EcoStruxureTM која обезбедува услуги за далечинско следење. Со способноста за зголемување, UPS уредот им овозможува на клиентите да го исплатат додека нивниот бизнис расте, оптимизирајќи ги нивните капитални инвестиции“, информираа од Schneider Electric.

 

Производ развиен со грижа за животната средина

 

Новото непрекинато напојување на Schneider Electric е дел од гамата Green Premium, чии производи обезбедуваат енергетска ефикасност, издржливост, можност за рециклирање и транспарентност со цел минимизирање на еколошкиот отпечаток. „Напојувањето се одликува со интегрирани современи технологии како сигурен дизајн, интелигентно управување на батеријата, мониторинг во реално време и можности за контрола, што го прави едно од најисплатливите и енергетски ефикасните UPS решенија на пазарот“, категоричен е производителот.

 

Live Swap - модуларен дизајн и сигурност во оптимизиран инвестициски пакет

 

„За нас е задоволство да го претставиме Easy UPS 3-Phase Modular на пазарот“, изјави Мустафа Демиркол, глобален потпретседател на Schneider Electric одговорен за маркетинг на трифазни UPS уреди. „Овој производ им нуди на клиентите сертифициран од трета страна Live Swap модуларен дизајн и многу висока сигурност во оптимизиран инвестициски пакет. Неговата поврзаност му овозможува на корисникот спокојство, што го прави особено погоден избор за центри за податоци и трговски и индустриски намени“, додаде уште тој.

 

 

Гаранција за континуитет на бизнис процесите

 

Новоразвиеното UPS решение им овозможува на клиентите да ги намалат своите капитални трошоци преку оптимизиран модел на управување. „Easy UPS 3-Phase Modular е лесен за конфигурирање, инсталирање и одржување, што го прави процесот на имплементација беспрекорен. Производот е дел од серијата Easy UPS 3-Phase на Schneider Electric, со примарен фокус на функционалноста и потребите на клиентите, обезбедувајќи оптимална цена за нив“, коментираа специјалистите на Schneider Electric.

 

Главни предности и карактеристики на Easy UPS 3-Phase Modular:

 

- 3-фазно 50-250 kW (400 V) модуларно UPS решение со функција Live Swap и заменливо напојување од 50 kW и статички бајпас модули;

- Нуди исклучително висока заштита на електричното напојување во својата класа и оптимизирана капитална инвестиција;

- Обезбедува проширување и резервираност во компактна големина.

 

„Исто така, новиот производ го докажува лидерството на Schneider Electric во областа на одржливи решенија, како дел од програмата Green Premium“, додаде Мустафа Демиркол.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »