In Bulgarian.
Компанијата Universal Robots (UR), лидер на пазарот во областа на колаборативни роботи, создаде онлајн академија за програмирање на роботи Universal Robots Academy. Платформата вклучува различни практични модули за обука кои се бесплатни и отворени за секој, нудејќи интересни и практични интерактивни симулации, соопштија за BalkanEngineer.com од фирма Солтех ДООЕЛ, партнер на UR.
„Знаењето како да се наштелува и програмира колаборативен робот или кобот, веќе не зависи од контактот со реален робот или обука. Сега секој кој има желба да научи повеќе за коботите, може да влезе во академијата на UR и да добие информации од кои има потреба, за да се здобие со основни вештини за програмирање“, појаснија од Солтех. Онлајн платформата за обука на UR е достапна на 5 јазици - англиски, шпански, германски, француски и кинески. Таа вклучува конфигурирање на крајни извршни уреди (ефектори), поврзување на влезно/излезни модули, создавање на основни програми во прилог на спроведувањето на функциите за безбедност и друго.
UR академијата опфаќа 6 модули за обука со вкупно времетраење од 87 минути кои ја градат основната обука за програмирање на роботи на UR.
„Овој вреден ресурс на знаење веќе достигнува до сите мали и средни претпријатија, кои до овој момент ја сметаа роботизацијата за скап, сложен и недостапен процес“, коментира глобалниот продукт менаџер на UR. „Со влегувањето во системот стручњаците можат да придобијат искуство од прва рака и да се убедат колку лесно и едноставно може да биде штелувањето на робот - машините, како и да стекнат претстава какви конкретни производствени операции може да бидат автоматизирани со коботите. Во најблиска иднина ќе бидат додадени повеќе модули за дополнување на нашата платформа“, категорично рече тој.
Дополнителни информации и влез во UR Academy можете да најдете ТУКА!
Трговска канцеларија
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21
Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954
E-mail: sales@soltec.bg
Извор на фото материјал: Солтех, Universal Robots