Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

СолТех: Зошто Индустрија 4.0 доаѓа со своите предизвици, но и со нови можности и шанси за развој на човечкиот интелект?

06 march 2017

In Bulgarian.

 

Користењето на роботи е широко распространето во индустријата, но во последниве години трендовите покажуваат дека користењето и потребата од ваква техника веќе сериозно навлегува и во услужниот сектор. Во новата реалност местото на роботизацијата и модерната технологија е неизбежен дел од овој нов мега тренд кој е белег на Industry 4.0 и развојот на Интернет на нештата (IoT).

 

 

„Јапонија, Кина, САД и Германија се водечки во имплементирањето на хуманоидни роботи во хотели, продавници и ресторани и една од главните причини за ова е дека на тој начин драстично се намалуваат трошоците за персонал“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, докажан снабдувач на комплексни индустриски решенија.

 

Затоа е особено важно да биде испитуван начинот на кој овие промени би се одразиле на вработените, на корпоративната култура или дури на односите со клиентите.

 

Според податоците од истражување на истражувачкиот Технички универзитет во Дармштат (TU Darmstadt) голем дел од интервјуираните вработени и менаџери сметаат дека роботите ќе бидат во голема помош и олеснување за извршувањето на дневните задачи и би преферирале да работат ​​со нив во секојдневниот живот, но исто така не би се довериле на робот, кој покажува емоции.

 

 

На прашањето „Дали роботите можат да бидат добри лидери“ повеќето од испитаниците одговараат негативно. Испитаниците цврсто велат дека нема начин роботите да бидат добри лидери, бидејќи тие не се во можност да искусат емпатија кон своите вработени.

 

„Ова покажува дека роботиката ќе направи многу работни места заменливи. Но без човечкиот фактор ништо не може да биде вистинско, одржливо и вредно. И денес, фрлајќи поглед кон Индустрија 4.0, можеме отворено да кажеме дека иднината на поврзувањето е нешто убаво, технички потребно, нешто револуционерно“, изјавија во заклучокот од СолТех.

 

 

Трговска канцеларија

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21

Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954

E-mail: sales@soltec.bg

 

 

Извор на фотографии: Солтех, Universal Robots, freeimages.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »