Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

СолТех: За универзалните роботи и колаборативни роботи на Universal Robots

18 january 2017

In Bulgarian.

 

Водечкиот производител на роботи и комплетни роботски системи Universal  Robots пред 8 години го продаде својот прв колаборативен робот или како што беше наречен - кобот. При тоа многу пред терминот за оваа класа роботи да се здобие со популарност во светот на роботизацијата и автоматизацијата, раскажуваат за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, официјален претставник за Македонија на компанијата.

 

 

„Пазарот на колаборативни роботи, кој веќе е со 50% раст за 2016 година е сегментот со најбрз развој од индустриската роботика. Очекувањата се тој да обезбеди глобални приходи од 3 милијарди долари до почетокот на 2020 година“, споделија уште од компанијата.

 

Првиот во светот колаборативен робот е инсталиран во декември 2008 година во фабриката на данскиот производител Linatex. „Компанијата се уште користи UR роботи, искористувајќи го долгиот работен век на производите. Нивниот оригинален UR5 модел е усовршен  до Втора генерација во 2010 година и оттогаш работи беспрекорно“, информираа од фирма СолТех.

 

 

Со над 8400 колаборативни роботи во над 55 земји во светот, Universal Robots успешно работи на пазарот на пријателски и флексибилни роботи кои работат во непосредна близина до луѓето при исклучително брзо враќање на инвестицијата.

 

„Кога Linatex го купи новиот UR5 со цел да ги автоматизира своите CNC машини, тие направија нешто незамисливо - наместо да го инсталираат роботот зад решетки, како сите индустриски роботи, тие го сместија точно до вработените. Така наместо преку надворешни програмери, Linatex ги програмира роботи своерачно преку екран осетлив на допир, без претходно искуство“, велат од Universal Robots.

 

 

"Ние сме претходниците на колаборативните роботи и светски лидер во областа, откако постои терминот. Веруваме дека да си колаборативен е еквивалентно на тоа да си достапен, давајќи можност за имплементација на роботи во производства во кои пред тоа беше незамисливо“, истакнуваат во заклучокот од водечкиот производител на роботи.

 

Трговска канцеларија

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21

Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954

E-mail: sales@soltec.bg

 

 

Извор на фотографии: СолТех, Universal Robots 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »