Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Систем на Т и Д Инженеринг ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија

30 august 2021

In Bulgarian   In Romanian  In Serbian

 

Т и Д Инженеринг има долгогодишно искуство во проектирање, имплементација и одржување на системи за балансирање на енергетското оптоварување. „Нашето решение вклучува следење на потрошувачката на енергија во реално време и анализа врз основа на известување за минати периоди, како и известување со користење на податоци добиени од уреди за мерење“, објаснија од компанијата за читателите на BalkanEngineer.com. Во следните редови ќе ве запознаеме со главните карактеристики на системот за балансирање на оптоварување што ги нуди Т и Д Инженеринг.

 

 

Контролна табла и анализи за минато време

 

Контролната табла ви овозможува да ги следите во реално време индикаторите од мерачите на електрична енергија и да ја регулирате рамнотежата помеѓу предвидената и фактички измерената енергија во моментот. Спротивно на тоа, функцијата за анализа во минато анализа Ви овозможува да ја видите потрошувачката на енергија за веќе изминат период и да направите споредба со онаа во реално време.

 

Бази на податоци и експорт

 

„Сите податоци пренесени од мерачите на електрична енергија се чуваат во база на податоци, што го олеснува пристапот до нив. За да може потрошувачот да ги достави податоците до клиенти или различните оддели во компанијата, системот овозможува нивно преземање за избран ден, месец или период во табеларна форма“, додадоа од Т и Д Инженеринг.

 

 

Административен панел

 

Со цел администраторот лесно да додава, уредува или брише потрошувачи и уреди за мерење, системот има интуитивен административен панел. Системот може да се користи на уреди со различна резолуција како мобилни телефони и таблети, компјутери, телевизори итн.

 

Разграничување според типот на потрошувачот

 

Податоците и графиката што секој потрошувач има право да ги разгледува се различни според правата за пристап што му се обезбедени однапред. На овој начин информациите се заштитени и стигнуваат само до овластените специјалисти.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: 00359 52 312 100

Тел./Факс: 00359 52 312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Т и Д Инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »