Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Росана Дачева од MTG: MTG е меѓу првите компании во гранката кои купиле софтвер за 3D конструирање

10 april 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Г-ѓа Росана Дачева, сопственик и извршен директор на MTG, сподели пред BalkanEngineer.com каде е местото на Индустрија 4.0 во леарството. Метал Технолоџи Групација АД е бугарски холдинг, кој ги обединува активностите на три потврдени леарници – Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од нив користи различни технологии и 90% од производството на друштвото е наменето за извоз. На чело на овој „машки“ бизнис е г-ѓа Росана Дачева.

 

Денес, ние постојано зборуваме за Четвртата индустриска револуција и за дигитализацијата на индустријата. Како тоа влијае на производството во вашите фабрики?

 

Патот на автоматизацијата и дигитализацијата е неизбежен. Ова е насоката во која оди секој вид на активност. Ние, исто така, се сретнавме поодамна со Индустрија 4.0. MTG е една од првите гранкови компании кај нас кои уште пред години купија софтвер за 3D конструирање. Ова е исклучително важно за нашата работа, бидејќи ни помага во создавањето на прототипи.

 

Тука можеби ќе треба да обласниме дека произведуваме производи по налог на корисникот. Ова значи дека ако нешто не е разработено прецизно или не се совпаѓа со конкретната задача, тогаш воопшто не постои начин да се продаде. Односно. - ние треба да бидеме перфектни. Имено тука интервенираат модерните технологии за 3D печатење. Кога се усвојува некој производ, тој се дава како цртеж и ние треба да процениме за која технологија е соодветен, да му дадеме предлог на клиентот дали и како може да се оптимизира и дури потоа да се пристапи кон неговата изработка. Без брза и точна изработка на прототипови, овие процеси се забавуваат и значително комплицираат.

 

Во моментов, овие технологии достигнаа неверојатни нивоа. Иако сме далеку поконзервативни како гранка, ние исто така ги следиме овие технологии за да бидеме конкурентни и да им служиме на нашите партнери.

 

Во презентацијата на компанијата велите дека повеќе од 90% од вашето производство е наменето за извоз. На пазарите во кои земји сте застапени најмногу?

 

Малата количина што ја продаваме во Бугарија е обично за странски компании. Ние го покриваме во голема мера европскиот пазар, но продаваме и на далечни дестинации како Индија, Кина, Мексико, Нов Зеланд и многу други. Успеваме да освоиме партнери од целиот свет благодарение на квалитет и коректност и можеби на егзотиката на производите што успеавме да ја постигнеме.

 

Првиот дел од интервјуто со Росана Дачева може да прочитате ТУКА.

 

Во моментов компанијата бара да вработи:

 - Електро техничар.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »