Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Решенија на Megger со сигурност спречуваат непланирани прекини со мониторинг на состојбата на мотори и генератори

23 october 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian 

 

Работата на моторите и генераторите е под влијание на многу фактори кои можат да предизвикаат оштетувања, на пример, механички удари, вибрации, многу високи или многу ниски температури, загадување, вклучително со масла, корозивни пареи и влага од технолошки процеси или едноставно од околината.

 

 

„Вибрационите тестови се широко користен метод за мониторинг на состојбата или предвидливо одржување, но тие откриваат само 50% од оштетувањата што можат да се јават во моторот. Затоа, освен анализа на вибрациите, важно е да се додаде статичка и динамичка анализа на електричната опрема, што обезбедува поцелосна дијагноза, а комбинирањето на овие две методи гарантира највисоко ниво на сигурност на резултатите“, коментираа од Мегер Бугарија. чие портфолио опфаќа решенија за мониторинг на електричната состојба на мотори и генератори.

 

Статично испитување на мотори и генератори

 

При исклучено напојување на машината се вршат електрични испитувања за да се провери состојбата на колото на моторот и на системите за изолација. Податоците од испитувањето може да се споредат со вредностите на прагот за итна проценка на сигурноста на моторот. Исто така, можно е да се споредат информациите со други системи со слична конструкција или да се следат со текот на времето за да се откријат мали промени кои можат да доведат до несакани дефекти на системот.

 

 

Динамичко испитување на мотори и генератори

 

Овие испитувања даваат преглед на целиот систем управуван од моторот, вклучувајќи го напојувањето, самиот мотор и погонското оптоварување. Може да се откријат како електрични, така и механички проблеми. Напрегањата што се создаваат од начинот на покренување/употреба на моторот исто така се одделуваат, бидејќи им ги обезбедуваат на инженерите потребните информации за преземање на мерки за нивно намалување и со тоа продолжување на животниот век и сигурност на моторот.

 

Решенија на Megger за мониторинг на електричната состојба:

  • Автоматски статички анализатор на мотори Baker ADX (1, ​​5, 7, 8);
  • Динамичен анализатор на мотори Baker EXP4000 (2, 3, 4);
  • Систем за тестирање на делумно празнење ICMmonitor Portable (6);
  • Тестер за ротациони машини MTR105 (1, 5, 8);
  • Тестер за изолација и континуитет на колото од серија MIT5 DLRO2 (5);
  • Омметар со низок отпор TPT420 DPM1000 (1);
  • Тестер на напон TPT420;
  • Клешти за мерење на струјаDPM1000.

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »