Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Рапид Прогрес: Fender го преобрази производствениот свет на гитари со 3D-софтвер на SolidWorks

17 february 2017

In Bulgarian.

 

Fender е водечки светски производител на жичени инструменти, вклучувајќи електрични, акустични, бас -гитари, како и засилувачи за нив. Од своето основање во 1946 година досега компанијата има изградено репутација на електрични гитари со едно од најдоброто звучење во светот. Од фирма Рапид Прогрес покажуваат за BalkanEngineer.com еден пример како користењето на решенијата на SolidWorks води до оптимизирање на производството на легендарните инструменти.

 

 

Во голем дел од својата историја Fender ги произведува рачно своите гитари. „Со своето проширување компанијата интегрира проектантски и производствени технологии во традиционалните процеси и методи за постигнување на поголема ефикасност, како и во одговор на побарувачката на пазарот“, коментираа од фирма Рапид Прогрес, која е овластен дистрибутер на производите на Dassault Systèmes SolidWorks за Бугарија и Македонија.

 

Во текот на многу години Fender користи алатки за проектирање AutoCAD 2D, но купувањето на брендот на  гитари Jackson во 2002 година води до посложени предизвици во однос на геометријата.

 

 

Fender избира SolidWorks CAD софтвер првично за дизајнот на гитарите Jackson и Fender Stratocaster, а веќе и за сите производи на компанијата. Производителот ги дефинира како негови предности лесната работа, проширените функционалности и добрата интеграција со CAM прилозите. „Благодарение на тоа проектирањето и производството на гитари успешно премина од рачна изработка во автоматизирано производство при зачувување на високиот квалитет", појаснија уште од фирмата.

 

 „Решението да се користи 3D софтвер на SolidWorks за автоматизирање на проектирањето  и производството на гитари на Fender води до намалување на времето за производство за 20%, редуцирање на времето за конструирање на грифови на гитари со 30% и елиминација на многу секундарни операции“, изјавија од Рапид Прогрес во заклучок.

 

 

Централна канцеларија:

 

Адреса: Бугарија, Благоевград 2700, пл. „Г. Измирлиев“ 5, Научно-технически сојузи, канцеларија 101

 

Телефон: 00359 899 691 234

 

Е-mailinfo@rapidprogress.eu

 

 

 

Извор на фотографии: Рапид Прогрес, SolidWorks

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »