In Albanian In Bulgarian In Serbian
Во обид да се задоволи растечката глобална потреба за слатка вода, секторот за водоснабдување и канализација бара различни алтернативи, од кои една е десалинизацијата на морска вода, која се користи како за индустриски, така и за домаќински намени. Освен самата опрема за десалинизација, комплетните инсталации вклучуваат и пумпни системи потребни во различни фази од технолошкиот процес. Во овој контекст, еден од етаблираните италијански производители на пумпи - Saer, обезбедува пумпи со потребните карактеристики за оваа област на примена. Кои се сериите и за што се користат, за BalkanEnginner.com објасни инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe.
„Десалинизацијата е процес со кој солта и загадувачите се отстрануваат од морската вода. Тој бара моќни и ефикасни пумпи погодни за работа со корозивни течности. Затоа Saer нуди целосен асортиман на пумпни решенија изработени од соодветни материјали“, објасни инж. Георгиев.
Пумпните системи Saer погодни за инсталации за десалинизација на вода се произведени од:
-Не'рѓосувачки челик AISI 316;
-Дуплекс нерѓосувачки челик;
-Супердуплекс 5а;
-Бронза g-cusn1o;
-Ni-Al бронза;
-Сферографитно леано железо;
-Сиво леано железо.
Како дополнителна опција, италијанскиот производител може да обезбеди боење на пумпите со премаз што одговара на класа C5, како и со други специјални премази.
И еве и кои пумпи Saer се погодни за различните фази на процесот:
Земање на морска вода:
-S – полуаксијални потопни пумпи;
-NR – радијални потопни пумпи;
-MS – потопни мотори до 300 kW;
-SKD – пумпи со поделено куќиште.
Претходна обработка:
-SD – потопни пумпи за отпадна вода;
-NCA – центрифугални пумпи за отпадна вода.
Филтрирање:
-ТМ – хоризонтална повеќестепена пумпа со аксијално вшмукување;
-TMB – хоризонтална повеќестепена пумпа со радијално вшмукување;
-TMV – вертикална повеќестепена пумпа со радијално вшмукување;
-MK – вертикална повеќестепена пумпа со вграден отвор за вшмукување/потиснување
Clean in place:
-MG – центрифугални пумпи според EN733;
-IR – тесно поврзани центрифугални пумпи според EN733;
-NCB – центрифугални пумпи со посебна оска во согласност со барањата на EN733;
-NCBK – центрифугални пумпи со посебна оска, кои ги надминуваат барањата регулирани со EN733.
По процесот на десалинизација, обработената вода се доставува за употреба на соодветниот корисник, за што се избираат пумпни системи според конкретните услови.
Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон: +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Saer Elletropompe, canva.com