Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Пумпната опремата на Wilo обезбедува водоснабдување на највисоката станбена зграда во Аргентина

08 may 2024

In Bulgarian In Albanian

 

Кулата Alvear во Буенос Аирес е висока 235 метри, со што го држи првото место како највисоката станбена зграда во Аргентина. Таа е исто така меѓу иконите - градби во градот. Поради нејзината висина, зградата претставува инженерски предизвик не само од конструктивен аспект, туку и од гледна точка на водоснабдувањето. Сепак, решение е најдено со помош на иновативен пристап и пумпни системи Wilo“, раскажаа за BalkanEngineer.com од Wilo.

 

 

54 катниот комплекс Alvear Tower е со мешана намена, што практично ја комплицира задачата. Паралелно со станбените зони е сместен луксузен хотел со пет ѕвезди, а висината на конструкцијата бара нетрадиционален пристап, кој треба да обезбеди сигурно водоснабдување до секој од катовите, без прекумерна потрошувачка на енергија. Иновативното решение се постигнува со воведување на меѓу - резервоари на различни нивоа во зградата, позиционирани на стратешки начин да ја примаат водата од пумпниот систем. На овој начин, ефективно се регулира протокот на вода, обезбедувајќи постојано напојување на сите катови на кулата Alvear.

 

Голем број суштински карактеристики се во основата за избор на конкретни производи од каталогот Wilo вградени во системите за градење на Alvear Tower: Wilo-Comfort COR Helix VE, Wilo-CronoNorm NL, Wilo-CronoTwin-DL-E, Wilo-VeroTwin- DP-E и Wilo-CronoLine-IL.

 

Wilo-CronoLine-IL-E поседува дефинитивни предности фокусирани на економичноста и енергетската ефикасност на системот, благодарение на интегрираното електронско штелување на моќноста, олеснувања во работата преку технологијата Green Button, оптимизирано управување и целосната заштита на моторот. Работната ефикасност и заштедата на електрична енергија се меѓу најсериозните доводи кога се прави избор на зграда во размер на облакодер. Овие предности, како и нивните можности за брзо и лесно управување ги обединуваат Wilo-VeroTwin-DP-E и Wilo-CronoTwin-DL-E.

 

 

При Wilo-CronoTwin-DL-E, исто така постојат и различни режими на функционалност – главен, резервен и паралелна работа, како и можност за конфигурабилна реакција при дефект. Моделот Wilo-CronoNorm NL, од друга страна, има специјален дизајн кој овозможува замена на лежиштата или дихтунгот без да се нарушува работата, како и подобрена хидраулика за намалување на вибрациите, што е од суштинско значење во примената на станбените потреби.

 

„Високи нивоа на ефикасност, оперативна безбедност и одржливост - ова се базните карактеристики на сите наши системски решенија и производи. Создаваме интелигентни решенија и современи технологии кои се погодни за корисникот, бидејќи фокусот за нас се луѓето“, додадоа уште специјалистите на групацијата со над 50 години историја во гранката.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo, alveartover.com, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »