In Bulgarian In Albanian In Serbian
Современите барања за ефикасна и исплатлива потрошувачка на енергија ја водат индустријата до принцип заснован на мотото „Од заштеда на енергија - кон добивање на енергија“. А еден од начините за неговата реализација се пумпите турбини. Во оваа насока работи и докажаниот италијански производител на пумпна опрема Saer, кој на пазарот нуди специјално модифицирани пумпи, кои инсталирани на водоводни цевки под притисок делуваат како турбини. „Употребата на пумпи како турбини (pump as turbine (PAT)) овозможува генерирање на евтина електрична енергија од постојните цевководни системи без негативно влијание врз животната средина“, коментира за BalkanEngineer.com инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Северна Македонија, , Албанија. Косово, Бугарија, Грција и Кипар.
Пумпите како турбини (PAT) на Saer се состојат од конвенционална пумпа за вода модифицирана за употреба во обратна насока како турбина. Кон нив може да се интегрира погон со променлива брзина за да се одговори на различните вредности на протокот и притисокот, а вкупниот достапен проток на вода може да се подели помеѓу неколку паралелни турбини.
Технологијата PAT овозможува интензивно искористување на неискористен извор на енергија, како што е протокот на вода, на исплатлив начин од комуналните претпријатија, на пример, компании за водовод и канализација, рудници итн. „PAT решенијата се погодни за примена во постојните цевководни системи каде притисокот на водата треба да се намали или каде што водата тече гравитациски во резервоар. На овој начин постојната инфраструктура се користи за производството на електрична енергија оптимално и со незначително влијание врз животната средина како ефективен одговор на поскапувањето на енергијата“, објасни уште инженер Георгиев.
Главните придобивки од користењето на пумпите како турбини вклучуваат:
- Рентабилна конверзија на вишокот на хидраулична енергија на водата во електрична енергија;
- Производство на обновлива енергија за сопствена потрошувачка или продажба во мрежа од 1 до 500+ kW;
- Минимални барања за проток на вода и отсуство на потреба од изградба на вештачки резервоари;
- Брзо враќање на инвестицијата;
- Plug-and-play решение со лесна монтажа и пуштање во работа;
- Поедноставено одржување со лесно достапни резервни делови;
- Информации во реално време: може да се обезбеди комплетен телеметриски систем за следење во реално време од лаптоп, мобилен уред или друг уред со активирана мрежа.
„Пумпите-турбини може да се инсталираат во мрежи за вода создадени од човекот, како што се системи за вода за пиење или за наводнување, но исто така и на природни извори на вода, на пример, реки и езера“, додаде уште инженер Георгиев.
Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон: +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Saer, canva.com