Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Пумпите како турбини на Saer ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија од мрежата во станицата за пречистување

26 june 2024

In Bulgarian

 

Користењето на пумпи како турбини монтирани на постојни цевководни системи е еден од начините за генерирање на евтина електрична енергија од веќе постојната инфраструктура во различни објекти. Овој пристап е во согласност со стремежите на индустријата и градежништвото за постигнување на максимална енергетска ефикасност и разумно искористување на ресурсите, а етаблираниот италијански производител на пумпни системи Saer обезбедува целосно портфолио на соодветни решенија за таа цел. Повеќе во врска со темата за BalkanEngineer.com раскажа инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.

 

 

Веќе кажавме каков е принципот на работа на пумпите като турбини (pump as turbine (PAT)) и какви предности даваат тие. И еве кои конкретни производи од палетата на Saer се проектирани специјално за оваа примена:

 

  • E-NCB (K): Пумпи од тип „крајно вшмукување“ што се нудат во неколку конфигурации и материјали, како што се супер дуплекс, нерѓосувачки челик AISI 316, бронза или леано железо;

  • E-NCA: Пумпи од тип „крајно вшмукување“ достапни со повеќеканално или затворено работно коло;

  • E-MG: Серија на пумпи кои се карактеризираат со цврсто присоединување и се одликуваат со цврста и сигурна конструкција, што овозможува лесно одржување;

  • E-L: Инлајн (in-line) пумпи за монтажа на постојни прави водоводи;

  • E-TM/TMB/TMV: Пумпите од овие серии се наменети за работа со висок притисок. Тие се одликуваат со низок шум и висока отпорност на абење благодарение на големите топчести лежишта. Стандардно се нудат со мек дихтунг на вратилото, но можни се и различни видови механички дихтунзи;

  • E-SKD: Пумпи со поделен корпус и двојна спирала кои ги намалуваат напрегањата и соодветно го продолжуваат животниот век на опремата, а освен тоа обезбедуваат поедноставено одржување.

 

 

„Еден од успешно реализираните проекти се однесува на пречистителна станица за вода. Пред инсталацијата на PAT, цевката за напојување едноставно истекуваше под гравитација во резервоарот за прием. Но, по монтажата на E-NCB, водената енергија веќе генерира до 10 kW електрична енергија. Оваа моќност се користи за сопствени потреби на објектот, со што значително се намалуваат сметките за потрошувачка на електрична енергија, што е потребна за процесот на пречистување“, објасни инженер Георгиев.

 

„Рудниците се исто така можно поле на примена на РАТ. На пример, повеќестепената турбина E-TMZ е инсталирана 300 метри под земјата на цевковод DN 150 кој пренесува вода за ладење од површината во длабочината на рудникот како дел од системот за намалување на притисокот. Наместо едноставно да се расее притисокот на водата преку редуцир вентилите, РАТ генерира енергија, што му помага на операторот на рудникот да ја намали потрошувачката на електрична енергија од мрежата“, додаде уште г-дин Георгиев.

 

Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон:
 +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Saer, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »