Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Како производствената автоматизација може да ги намали несреќите при работа во услови на Industry 4.0

14 august 2019

In Bulgarian   In Romanian

 

Меѓу најголемите предизвици со кои се соочуваат производителите се тешкотиите при пронаоѓање на соодветни специјалисти за нивната активност. Неодамнешните студии потврдуваат дека наоѓањето на квалификуван персонал денес останува проблем број 1 за индустријата. Сепак, според едно неодамнешно истражување на пазарот, нема изгледи ситуацијата набргу да се подобри и се очекува повеќе од половина од 4,6 милиони нови работни места во производството, кои се очекува да бидат отворени во светот во следната деценија, да останат непополнети.

 

 

„Добро испробано и ефективно средство за пополнување на овој јаз во производствената работна сила, како и непривлечноста на валканите, опасни и монотони работни места, е автоматизацијата која вклучува интеграција на роботи и коботи“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, водечки снабдувач на комплексни индустриски решенија за дигитализација на данскиот производител на колаборативни роботи Universal Robots.

 

 

„Колаборативните роботи, или коботите работат заедно со луѓето без никаков ризик од повреди. Коботите можат да работат исто како обичен работник во производството, со неговото темпо и неговата можност да креваат тешки товари, но без замор, прекин или забавување“, раскажаа од СолТех. „Коботите нудат начин на работа што ги штити многу повеќе вработените во производството отколку што можат некогаш да обезбедат некој традиционален робот или индустриска техника“, додадоа тие.

 

 

„Брзото враќање на инвестициите се постигнува со фактот дека коботите ослободуваат голем дел од времето на работниците, овозможувајќи им да постигнат поголема продуктивност и да стекнат нови вештини, што се карактеристични за модерната индустриска ера. Зголемувањето на продуктивноста како и сигурноста на коботите покажуваат дека оваа нова автоматизирана технологија може да ги намали до 72% вообичаените причини за несреќи на работното место “, истакна од СолТех.

 

Трговска канцеларија

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4000, Пазарџишко шосе, 6-ти километар

Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954

E-mail: sales@soltec.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: СолТех, Universal Robots 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »