Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Вклучете се во новото издание на Наградите за влијанието врз одржливоста на Schneider Electric

09 october 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

Второто издание на наградите на Schneider Electric за влијанието врз одржливоста  - Sustainability Impact Awards сега е во тек. Оваа година, компанијата го проширува опсегот на конкурсот, вклучувајќи ги, освен комерцијалните партнери, и своите клиенти и добавувачи кои ги исполнуваат условите за учество. „Наградите за влијанието врз одржливоста  се доделуваат од 2022 година со идеја да се препознаат компаниите од партнерската мрежа на Schneider врз основа на нивниот придонес во создавањето на поодржлив свет фокусиран врз електричната енергија. Пријавите за учество може да се поднесуваат до 17 ноември 2023 година, а победници на светско ниво ќе бидат објавени во април 2024 година“, соопштија од Шнајдер Електрик Бугарија.

 

 

Главни критериуми за учество остануваат напорите на компаниите за декарбонизација преку операции за електрификација, намалување и замена (Electrify, Reduce and Replace). В новото издание на конкурсот, исто така, поопстојно ќе се разгледуваат нивните напори за изградба на флексибилна и одржлива иднина со нула јаглероден отпечаток преку активности за стратешка дигитализација и електрификација, или Electricity 4.0. „Ова вклучува примена на дигитални алатки и технологии, подобрување на енергетската ефикасност и други иновативни процеси и пристапи на влијание. Паралелно  со престижната награда, победниците ќе добијат и глобална популарност, што може да отвори нови бизнис можности“, прецизираа уште од Шнајдер Електрик

 

Новите категории во кои ќе се одберат победниците оваа година вклучуваат:

- „Влијание врз моите клиенти“, кое ги препознава партнерите кои демонстрираат одржливо лидерство во поддршка на нивните клиенти да ги постигнат нивните цели за декарбонизација;

-„Влијание врз моето претпријатие“, препознавајќи ги клиентите кои демонстрираат одржливо лидерство во применетите стратегии и принципи за декарбонизација во нивните сопствени активности;

- „Влијание врз моето претпријатие за големи или средни добавувачи“, со кое се препознаваат добавувачите кои се приклучија на иницијативата Zero Carbon Project на Schneider Electric. Проектот има за цел намалување за 50% на јаглеродниот отпечаток на најголемите 1.000 глобални добавувачи на компанијата до 2025 година.  

 

 

Како може да се вклучите во номинациите за Sustainability Impact Awards 2024?

 

Со целосните услови за учество на конкурсот и чекорите за пријавување, можете да се запознаете од ТУКА! Крајниот рок за аплицирање е 17 ноември 2023 година.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »