Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Посветени и мотивирани професионалци се наоѓаат во основата на високиот квалитет на производите и услугите на Унисист Инженеринг

04 december 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Со скоро 30-годишна историја, традиции и докажано искуство во развојот и производството на најсовремени уреди и системи за автоматизација, фирма Унисист Инженеринг изгради репутација како сигурен и доверлив партнер за многу индустриски претпријатија и бизнис организации кај нас. Обезбедувајќи сигурни, ефикасни и висококвалитетни производи и услуги, компанијата следи строга корпоративна политика за квалитетот и стратегии на развој насочени кон зголемување на производството и навлегување на нови пазари.

 

 

„Клучен фактор за достигнување на овој стремеж е имплементацијата и одржувањето на Систем за управување со квалитетот во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. Процесите на создавањето на квалитетни производи и услуги се меѓусебно поврзани, строго следени, документирани и контролирани“, коментираа од водечката производствена, инженеринг и трговска компанија Унисист Инженеринг.

 

Главните стратешки цели кои ја скицираат  рамката на политиката на фирмата на Унисист Инженеринг се периодично оценувани и ажурирани од страна на менаџерскиот тим на компанијата. Тие се директно насочени кон извршување на следните конкретни задачи:

 

- Зголемување на довербата на клиентите и задоволување на нивните барања;

- Активирање и мотивирање на персоналот на фирмата;

- Производствено и технолошко обновување;

- Континуирано подобрување на системот за управување со квалитетот;

- Почитување на барањата на применливите нормативни акти и следење на нивната актуелност.

 

Со цел подобрување на условите за работа во компанијата и зајакнување на нејзината професионалност и компетенции, Унисист Инженеринг се стреми да создаде добра работна атмосфера и да одржува висока мотивација за работата на своите вработени.

 

Како гарант за своите идни успеси, Унисист Инженеринг не престанува да го тестира квалитетот на своите производи, како и до кој степен тие ги исполнуваат очекувањата на клиентите. „Ние се трудиме целосно да ги разбираме потребите на нашите клиенти и партнери и да им помагаме во решавањето на нивните секојдневни задачи и предизвици“, коментираа од производствената компанија.

 

 

Унисист Инженеринг внимателно ги избира своите добавувачи и работи само со доверливи, коректни и лојални лица. „Ние донесуваме одлуки кои се темелат на актуелни податоци и информации преку одржување на систем за внатрешна и надворешна комуникација и управување со документите и евиденцијата“, категорични се од компанијата. Компанијата периодично ја проверува и следи ефективноста на системот за управување со квалитетот и постигнатите цели со цел за негово постојано подобрување и сè поцелосно задоволување на потребите и очекувањата на клиентите.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »