Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Портфолиото на МаккаБ го опфаќа целиот неопходен асортиман на кабли TKD наменети за системи за лифтовите на иднината

14 june 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Партнерството на МаккаБ со TKD обезбедува пристап на пазарот до широкото портфолио на стандардни решенија во областа на флексибилните кабли за лифтови на брендот. Сериите од секоја категорија се развиени во согласност со барањата на клиентите и современите еколошки практики. Каблите се тестираани за да се гарантирааѕ нивните квалитет и сигурност. Производствената компанија работи на нивно усовршување и е отворена кон перспективите за создавање нови пазарни понуди кои ги задоволуваат специфичните потреби и барања на нејзините партнери и клиенти. Во следните редови ќе ја продолжиме темата за да ви раскажеме повеќе за карактеристиките на каблите. Продолжете со читање и нурнете се во светот на каблите од нова генерација TKD.

 

 

„Каблите ТКД се етаблираа како водечки производи во светки димензии, благодарение на нивниот врвен квалитет и иновативните карактеристики. Производствената компанија има повеќе од 70 години искуство во развој и интеграција на кабли за мобилни намени во областа на крановите и уредите за подигнување. А сега каблите TKD се уште поинтелигентни за да го избегнете ризикот од појава на грешки поврзани со нивната примена“, коментираа од тимот на Филкаб.

 

Портфолио што ги задоволува потребите на секој систем за лифтови

 

Стандардното портфолио на TKD ги покрива сите барања на современите системи за лифтови. Во него е вклучен богат избор на висококвалитетни и сигурни решенија кои се погодни за различни намени. Асортиманот опфаќа мрежни кабли, кабли за шини, NYM кабли за безбедносни кола, кабли за поврзување на мотори, хибридни - за напојување и податоци, кабли за сопирачки, едножични кабли за контролни ормани, како и обични контролни кабли.

 

Во делот развиен специјално за понуди за лифтови, ќе најдете неколку видови на категории:

Специјални кабли за конструкции на лифтови

 

 

Ако некогаш ги достигнете вашите граници со стандардниот асортиман на TKD, искусните инженери на TKD ќе ве поддржат во развојот на специфичен, специјален кабел за вашиот систем за управување.

 

Монтажа на кабли за лифтови

 

Како што напредува технологијата, барањата на клиентите стануваат се попребирливи. Но, ова во никој случај не треба негативно да влијае на монтажата, претворајќи ја во дополнителен проблем.

 

Логистика и совети

 

Тимот на Филкаб АД се зафаќа со логистичката работа за своите клиенти - од складирањето на каблите до нивно сечење на потребната должина.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографии: МаккаБ (Filkab), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 04 december 2023Мултиинженеринг е сигурен сопатник на индустријата во транзицијата кон процесна автоматизација

    Автоматизацијата на процесите е клучен фактор за развојот, високата продуктивност и конкурентноста на производствените компании. Во свет на динамични промени, бурен технолошки развој и сè повисоки пазарни барања за брзина, квалитет и флексибилност, индустриските претпријатија се свесни дека процесната автоматизација не е само модерен тренд, туку елемент кој ги става темелите на одржливо позиционирање на пазарот. „Современите автоматизирани системи нудат решенија за голем број предизвици со кои е соочена индустријата денес. Производствената автоматизација носи значителни предности што може да ја трансформираат економската реалност."

  • 04 december 2023Посветени и мотивирани професионалци се наоѓаат во основата на високиот квалитет на производите и услугите на Унисист Инженеринг

    Со скоро 30-годишна историја, традиции и докажано искуство во развојот и производството на најсовремени уреди и системи за автоматизација, фирма Унисист Инженеринг изгради репутација како сигурен и доверлив партнер за многу индустриски претпријатија и бизнис организации кај нас. Обезбедувајќи сигурни, ефикасни и висококвалитетни производи и услуги, компанијата следи строга корпоративна политика за квалитетот и стратегии на развој насочени кон зголемување на производството и навлегување на нови пазари. Клучен фактор за достигнување на овој стремеж е имплементацијата и одржувањето.

  • 27 november 2023МаккаБ инвестира во изградбата на сопствен фотонапонски парк ФЕЦ Оризари со моќност од 18 MW на индустриско земјиште

    Фирма МаккаБ е трговска, производствена и инженеринг компанија, лидер на пазарот за електротехнички производи на Балканот. Освен со дистрибуција на целосни и иновативни решенија, компанијата се ангажира и со заштита на животната средина преку имплементирањето на одржливи практики во својата активност. „Една од нашите практики за подобрување на еколошкото влијание на нашите активности е фотонапонската инсталација на покривот што ја изградивме за сопствени потреби. Таа е со инсталирана моќност од 900 kWp, при што предвидуваме дека системот ќе заштедува околу 430 тони јаглеродни емисии годишно.

  • 24 november 2023Современ SCADA систем од Т и Д Инженеринг обезбедува далечинска контрола и управување со енергетската мрежа

    Како една од најпознатите инженеринг компании на пазарот, Т и Д Инженеринг е претпочитан партнер во реализацијата на проекти од различен обем за индустријата и енергетската инфраструктура. Компанијата со години е главен изведувач на проекти за Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ), а голем дел од нив се комплексни и вклучуваат изградба до клуч на рака. Компанијата исто така и подизведувач за SCADA системи, активности за монтажа и пуштање во работа. Трафостаницата е дел од електричен систем за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, која помага за трансформација на напонот од висок во низок или обратно.

  • 24 november 2023Со своите демонстрации на 3D технологиите, штандот на GreMa 3D беше една од жешките точки за време на MachTech & InnoTech

    Посетителите на овогодинешното издание на MachTech & InnoTech имаа можност да бидат сведоци на импресивни демонстрации во областа на роботизираните, дигиталните и 3D технологиите, меѓу кои се издвоија експонатите претставени на штандот на GreMa 3D (Голем мајстор). Во хала 3, на штанд C 12 в на Интер Експо Центар - Софија (ИЕЦ), стручната публика можеше да се допре до репрезентативен примерок од комплексното портфолио на производи на компанијата. Тимот на GreMa 3D претстави два нови 3D скенери на Scantech, детали печатени со индустрискиот 3D печатач на францускиот производител Lynxter, целосниот комплет за 3D печатење Sinterit Lisa Pro, софтвер за обработка на 3D скенирани слики.

  • 24 november 2023Лазатек: CNC центрите за глодање на запчаници на YG Tech комбинираат висока технологија, прецизна обработка и конкурентна цена

    Јужнокорејската компанија YG Tech (Yunil Gear Tech) е докажан производител на CNC центри за глодање на запчаници, која има веќе 60 годишна историја. Од своето основање во 1963 година, нејзиниот тим проектира, разработува и произведува широк спектар на висококвалитетна опрема. „Повеќе од 80% од произведените машини на Јunil се наменети за извоз во десетици земји ширум светот. Тие се одликуваат со висок квалитет, одлични технички карактеристики и разновидни додатоци. Компанијата е сертифицирана според меѓународните стандарди CE, ISO 14001:2004 и ISO 9001:2008“, соопштија од докажаната компанија Лазатек, која ги нуди универзалните машини за глодање на запчаници на Yunil Machine.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 04 december 2023Србија преговара со Бугарија за изградба на високобрзинска железничка пруга од Ниш до Софија

    Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека во дополнување на изградбата на железничката пруга Ниш-Димитровград, Србија работи со Бугарија на создавањето на врска меѓу пристаниште Видин и Зајчар и високобрзинска железничка пруга од Ниш. до Софија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од БТА. Министерот додаде уште дека Турција работи и на делницата од Истанбул до турско-бугарската граница. Откако Софија ќе се поврзе со оваа граница, ќе има високобрзинска железничка пруга од Ниш до Истанбул. Таква пруга ќе има до Скопје, Солун и Атина, додаде тој.

  • 29 november 2023Германската компанија Muehlbauer ќе гради фабрика за склопување на машини за батерии и горивни ќелии во Србија

    Германската компанија Muehlbauer Automation doo, дел од Muehlbauer Group, планира да изгради технолошки парк за склопување на делови за машини за батерии и горивни ќелии во северниот дел на Источната бизнис зона во Стара Пазова, Србија. Ова го дозна BalkanEngieer.com од Cijeurope.com. Идејниот проект, подготвен од NORTH Engineering doo Subotica, опфаќа изградбата на производствена база на три ката со канцелариски дел. Инвестицијата на Muehlbauer Group во Србија доаѓа една година по соопштението на Министерството за економија за нови инвестиции во секторите на автомобилската индустрија.

  • 27 november 2023Албанија и Косово градат нова железничка врска со договор за 168,9 милиони леки

    Две приватни компании ќе градат железничка пруга меѓу Драч и Приштина, дозна BalkanEnigeer.com од БТА. Компаниите - членки на австриско - албанскиот конзорциум ILF Consulting Engineers Austria GmbH – ABKONS SH.P.K., спечалија договор од албанската влада за изведба на физибилити студија и концепт за изградба на железничка пруга што го поврзува крајбрежниот албански град со главниот град. на Косово. Според договорот, победниците треба да ја завршат физибилити студијата и концептот во рамките од 14 месеци. Нивната задача вклучува извршување на целосна студија и анализа на изградбата на железничката пруга, вклучително технички спецификации.

  • 24 november 2023Бугарско-македонска економска средба ги зајакнува билатералните бизнис односи меѓу двете земји

    Во заеднички усилби за зајакнување на економските врски, компаниите во Северна Македонија ангажирани во бизнис односи со Бугарија се собраа во Скопје на клучен состанок, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Собирот, организиран од Бугарската амбасада и Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК), ја илустрира одржливоста и динамиката на билатералните бизнис партнерства кои продолжуваат да се развиваат и покрај предизвикувачката економска средина во последните години. Бугарија ја зазема позицијата на петти најважен трговски партнер на Северна Македонија и втора најважна дестинација за извоз.

  • 22 november 2023Србија планира инвестиција од 2 милијарди евра во обновлива енергија преку соработка со кинески компании

    Српската влада планира да соработува со кинеските фирми Shanghai Fengling Renewable и Zidjin Mining Group за разработување на обновлива хибридна соларна и ветерна електрична централа со капацитет од најмалку 1,5 GW, со цел да произведува 30.000 тони обновлив водород годишно, дозна BalkanEngineer.com од icis.com. Кинеската организација Shanghai Fengling Renewables е заинтересирана за инвестиции во обновливи енергетски моќности и капацитет за складирање во Србија, особено во производство на обновлив водород, а стратешките партнери за Србија од Zidjin Mining Group ја разгледуваат можноста хибридната електрична централа да биде изградена во округот Бор, Источна Србија.

  • 20 november 2023Бугарската компанија Invenio Partners и австриската ACP создаваат водечки снабдувач на бизнис и ИТ обука во Србија

    Бугарската инвестициска компанија Invenio Partners и Accession Capital Partners со седиште во Виена ја купија единицата за стручно образование на српската Link Group и планираат да ја искористат за да изградат водечки снабдувач на ИТ и бизнис стручно образование во Југоисточна Европа. Ова го дозна BalkanEngieer.com од intellinews.com. Вредноста на стекнувањето не беше објавена. Invenio и ACP ќе и помогнат на Link Group да ја развие својата понуда на производи за да одговори на постојано растечката потреба за зголемување на квалификацијата на младите професионалци, при што истовремено ќе воведе нови програми.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 05 december 2023Нова фабрика за животински вакцини носител на сертификат за GMP се отвора во Разград, Бугарија

    Биовет – филијала Разград, бугарски производител на додатоци во исхраната и лекови за животни, започна иновативен проект за производство на вакцини за индустриско сточарство, дозна BalkanEnigeer.com од БТА. Новата фабрика ќе се насочи кон производството на вакцини за птици, свињи и говеда, а инвестицијата во неа е речиси 140 милиони лева. Г-ѓа Теменуга Газдова, директор на Биовет- филијала Разград, објасни дека инвестицијата е насочена кон изградбата на современа фабрика која ќе ги задоволува високите стандарди за ветеринарна медицина. Објектот располага со опрема и технолошки процеси кои лесно можат да бидат користени за производство на лекови за луѓе.

  • 02 december 2023Бранка Славеска ја презема функцијата генерален директор на винаријата Тиквеш во Северна Македонија од 1 јануари 2024 година

    Производителот на вино во Северна Македонија Тиквеш ја назначи Бранка Славеска за нов извршен директор, дознава BalkanEnigeer.com од SeeNews.com. Славеска ќе ја преземе функцијата на 1 јануари 2024 година. Тиквеш на 29 мај годинава го раскина договорот за вработување на претходниот генерален директор на компанијата - Радош Вукичевиќ, без да ги наведе причините за одлуката. Вукичевиќ беше директор на винаријата од 2017 година, а в.д. по неговото отпуштање беше Светозар Јаневски. Од почетокот на следната година функцијата ќе ја заземе Бранка Славеска.

  • 01 december 2023Романската компанија E.ON монтира PV инсталација за производителот на тули Cemacon

    E.ON Energie Romania заврши нова фотонапонска централа за потребите на романскиот производител на тули Cemacon, дозна BalkanEnigineer.com од Green-forum.eu. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 850.000 евра. Со инсталирана моќност од над 1 MWh, централата ќе опслужува важен дел од потребите за електрична енергија на индустрискиот парк Recea. Како резултат на тоа, годишно Cemacon ќе ги намалува своите емисии за околу 300 тони CO2 и ќе ги оптимизира своите трошоци за енергија за околу 83.000 евра. На покривот на фабриката во Recea е поставен систем составен од 2.176 фотонапонски модули со монокристална технологија. Тој ќе генерира просечно 976 MWh годишно.

  • 28 november 2023Општина Свиштов презентираше проект за изградба на Дунавски индустриски технолошки парк во вредност од 50 мил. лева

    Општина Свиштов (Бугарија) е чекор поблиску до реализација на својот амбициозен план за создавање Дунавски индустриски технолошки парк, откако официјално го достави својот предлог-проект за инвестиции во вредност од околу 50 милиони лева, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Иницијативата е дел од процедура BG-RRP-3.007 од „Програмата за јавна поддршка за развој на индустриски области, паркови и слични територии и за привлекување на инвестиции“ според Националниот план за обновување и одржливост. Согласноста на Советот на општината овозможува „Индустриски технолошки парк - Свиштов“ ДООЕЛ да аплицира за финансирање.

  • 23 november 2023Aquila купује румунског произвођача аеросола за аутомобиле Romtec за 3,2 милиона евра

    Румунска компанија за дистрибуцију и логистику робе широке потрошње Aquila саопштила је да ће купити 100% локалног произвођача ауто аеросола Romtec, сазнаје портал BalkanEngineer.com са сајта SeeNews.com. Трансакција, вредна 3,2 милиона евра (3,42 милиона долара), биће завршена након ревизије и након добијања регулаторних сагласности од антимонополског тела. Поводом велике инвестиције, Каталин Василе, извршни директор компаније Aquila, открила је да компанија планира да направи још аквизиција у будућности. Romtec је основан пре 30 година и тренутно је у власништву компанија Green Ideas Group MTC (80%) и FLM Group Green MTC (20%).

  • 21 november 2023Албанската инвестициска компанија Gjonaj Group Holdings ја купи GreeNNat Solar Park Ballsh за 1,95 милиони евра

    Друштво со специјална намена на албанската инвестициска компанија Gjonaj Group Holdings ја купи GreenNat Solar Park Ballsh, која разработува соларна електрична централа од 100 MW во Балш, Јужна Албанија, за 1,95 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од Serbia-energy.eu. Infotelecom-Albsolar 3, создадена во април годинава од Gjonaj и развивачот за обновливи извори на енергија Ener Trade, ја купи GreeNNat од локалната градежно - енергетска групација Shijaku. Во јануари, албанската влада соопшти дека го одобрила барањето на GreeNNat за разработка на фотонапонска централа од 100 MW.

Види ги сите »