Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Под мотото „Let your AВВ Story Begin“, летната стажантска програма на АББ Бугарија обучи талентирани млади луѓе

04 january 2023

In Bulgarian

 

Иднината на индустријата почива на рамениците на младите специјалисти кои допрва ќе го развиваат својот потенцијал. Токму поради оваа причина е исклучително важно да се инвестира во развојот на нивниот потенцијал, во нивното знаење и во нивните можности за развој. АББ Бугарија е водечка компанија во областа на снабдувањето со електрична енергија и електрична опрема, роботиката, автоматизацијата на процеси и погони. Но не само! Компанијата неодамна заврши уште едно издание на својата Летна стажантска програма. Што раскажаа за иницијативата, прочитајте во следните редови.

 

 

Оваа година, летната стажантска програма на АББ се одржа под мотото: „Let your ABB Story Begin“, а нејзината цел е традиционална за компанијата кај нас: да им обезбеди на студентите значително искуство и практична работа на реални проекти во индустријата. Во програмата беа вклучени 35 стажанти кои работеа во различни филијали на AББ во земјата. Тие одблиску се запознаа со финесите на работниот процес во различните сектори и го почувствуваа чувството на работа во реална средина.

 

Стажантската програма опфати позиции во различни области:

 

- Електроника, мехатроника и електротехника;

- Автоматизација и индустриско управување;

- Логистика и планирање;

- Контрола на квалитетот;

- Финансии и администрација;

- Човечки ресурси;

- Здравје и безбедност;

- Комуникации.

 

За да го одбележи крајот на програмата, АББ Бугарија организираше посебен настан во филијала Раковски, каде се одржа отворена дискусија во форма на игра со прашања, која ја покрена темата за идната реализација на кариерата на младите специјалисти, нивните соништа и очекувања.

 

Стажантите исто така добија можност да ја извежбаат и  својата креативност преку игра со LEGO каде што требаше да создадат мала структура која потсетува на нивното стажирање за време на „Let your ABB Story Begin“ и потоа управуваа робот АББ во возбудлив натпревар меѓу себе.

 

Освен за своите планови за иднината, стажантите зборуваа и за добиеното искуство и возбуда за време на нивното стажирање.

 

 

На глобално ниво, тимот на АББ брои 110.000 талентирани вработени во повеќе од 100 земји, а кај нас компанијата вработува повеќе од 2.300 специјалисти. Организиран во четири деловни области - „Снабдување со електрична енергија и електрична опрема“, „Автоматика на процеси“,  „Погон“, „Роботика и дискретна автоматизација“, АББ Бугарија успешно спроведува огромна разновидност на технички проекти во секоја стопанска област.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за АББ Бугарија и можностите за професионална реализација што ги нуди, не пропуштајте да ја разгледате нејзината микространица на Balkanengineer.com.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: 00 359 2/807 55 00

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: ABB

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »