Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Повеќе од 1.300 роботи на АББ ќе учествуваат во разработката на следната генерација електрични автомобили во фабриките на Volvo

21 february 2024

In Bulgarian

 

AББ ќе му испорача на Volvo Cars повеќе од 1.300 индустриски роботи со вклучени кон нив функционални пакети за изградба на следната генерација на електрични возила. Ова ќе му помогне на шведскиот производител на автомобили да ги постигне своите амбициозни цели за одржлив раст и развој“, објавија од AББ, технолошки лидер во снабдувањето со електрична енергија, електричната опрема и автоматизацијата.

 

 

„Револуционерната трансформација на автомобилската индустрија, водена од зголемената побарувачка на потрошувачите за електрични возила и стремежот кон одржливост, создава како нови можности, така и огромни предизвици за светските производители на автомобили“, коментира г-дин Марк Сегура, претседател на ABB Robotics. „Оваа најнова ангажираност на нашиот долгорочен партнер Volvo Cars ги демонстрира нашите споделени намери за обезбедување на решенија за уште поодржливо производство. Преку нашето ново, големо, енергетско ефикасно семејство на роботи и контролери OmniCoreTM, AББ ќе помогне за постигнување до 20% заштеда на енергија во претпријатијата на Volvo Cars ширум светот“, додава уште тој.

 

Освен роботи, зделката вклучува и обезбедување на функционални пакети кои покриваат различни производствени задачи - од заварување со пунктирање, нитување и дозирање, до дупчење и инспекција на заварувањето со ултразвук. Секој пакет вклучува докажана комбинација на хардверски уред, софтверски систем и дополнителни услуги кои ќе бидат интегрирани во индустриските капацитети на Volvo Cars во Торсланда, Шведска и Дакинг, Кина. Заедно со хардверските и функционалните пакети, најновата палета на контролери за управување на роботи OmniCore на AББ ќе обезбеди до 20% намалување на потрошувачката на енергија поради вградената во нив високо ефикасна електроника за напојување и опцијата за регенеративно сопирање.

 

 

За време на фазата на имплементација, АББ гарантираат дека производствените процеси нема да бидат сопирани. Ова ќе се оствари благодарение на софтверската платформа за планирање и програмирање RobotStudio®, која служи за визуелизација и оптимизација на имплементацијата, дури и пред роботите да бидат инсталирани во фабриката. Со разработка и валидација на потребните системи за автоматизација во виртуелниот простор, AББ и Volvo Cars ќе создадат решенија кои можат да бидат проектирани еднаш, но повеќепати да се интегрираат.

 

Volvo Cars и AББ споделуваат долгогодишна соработка на различни разработувања кои имаат за цел да го направат производството на автомобили поефикасно и одржливо, при што постојано ги подобруваат можностите на индустриските роботи во оваа област.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »