In Bulgarian.
Ерата на Индустрија 4.0 настапува и тоа веќе не е вест за никого! Но кои се пионерите во воведувањето на интелигентната фабрика на иднината и како тоа го менува начинот на нивната работа? Ви претставуваме еден пример од Германија - докажаниот производител на пумпни решенија Wilo уште во 2016 година во својот годишен извештај е предвидел реконструкција на својата производствена база во Дортмунд според концептот на Индустрија 4.0 за „паметна“ фабрика. „Локацијата во Дортмунд ќе заземе прво место во семејството на Wilo во однос на дигитализацијата на производството и ќе воведе нови стандарди во пумпната индустрија како целина“, коментираа за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје.
„Ние со години им нудиме на нашите клиенти брзи и сигурен услуги, како и производи со висок квалитет. Ова е можно благодарение на нашата оптимизирана производствена мрежа и хармонијата која сме постигнале меѓу производствените процеси во различните бази на компанијата низ целиот свет“, раскажаа од македонското друштво и додадоа: „Но целта на Wilo е да биде пионер во производствените технологии и репер за квалитет, рокови на испорака и оптимизација на трошоците. А Industry 4.0 преку своите примени го прави тоа сосема можно“.
Во интелигентната фабрика на Wilo процесите и машините ќе бидат дигитално поврзани. „Долготрајната размена на податоци овозможува да се реагира на краткорочните промени во барањето на флексибилен начин, заснован на потребите. Производствената програма автоматски ќе се прилагоди на новите околности“, коментираа од компанијата. Според нивните видувања, тоа би довело до потреба од помалку материјални и производствени резерви, како и пократки производствени времиња.
Во глобални рамки се повеќе барани се не само иновативни производи, но такви кои одговараат на индивидуалните потреби и можат да се менуваат брзо и лесно. Во оваа врска клиентите на Wilo ќе можат да имаат корист од уште поголемата индивидуализација на производите, при тоа во кратки рокови. „Во нашата нова дигитална фабрика во Дортмунд меѓу главните приоритети ќе биде флексибилноста на процесите - луѓето и машините ќе го контролираат производството, според потребите на клиентите. А секој конкретен клиент ќе може да ги конфигурира саканите производи преку онлајн модули, пред да ги нарача“, истакнаа уште од Wilo Скопје.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Wilo