In Bulgarian In Romanian In Serbian
Старт Инженеринг АД е етаблирана бугарска инженерска компанија со бројни успешно реализирани проекти во земјата и странство. Меѓу нив е изградба на нови влечни трафостаници во Симеоновград согласно проект „Реконструкција и електрификација на железничката пруга Димитровград – Свиленград“, Позиција бр. 3 „Изградба на нови влечни трафостаници во Симеоновград и Свиленград и проширување на постојната влечна трафостаница Димитровград“ на ДП Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ), информираше за BalkanEngineer.com од Старт Инженеринг.
Официјалното завршување на проектот е најавено со потпишување на записник број 16 за изградените објекти од Старт Инженеринг на територијата на општина Симеоновград. Кон овие објекти се вклучени Влечна трафостаница Симеоновград, пат за пристап до неа, трафостаница и водовод, како и електрични водови за напојување од 110 kV, со вкупна должина поголема од 12 километри.
„Ова не е првиот проект врз кој работиме со ДП НК „Железничка инфраструктура“. Горди сме што овој пат успеавме да ја оправдаме довербата што ни е гласана“ изјавија од Старт Инженеринг. Изградбата на објектите е прифатена без никакви забелешки, земајќи го предвид високиот квалитетот на изведба.
Старт Инженеринг – централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3
Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666
E-mail: office@starteng.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Старт Инженеринг АД