Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Обновената серија на прекинувачи и контакти Unica на Schneider Electric ја доби престижната награда за дизајн на производи

04 august 2022

In Bulgarian

 

Креативното дизајнерско решение на новата серија прекинувачи и контакти Unica од Schneider Electric го прави неодолив не само за потрошувачите туку и за критичарите. Во јули оваа година дизајнот на палетата, кој го задоволува и најпрефинетиот естетски вкус, ја доби наградата Red Dot. „Schneider Electric е лидер во дигитализацијата на енергетскиот менаџмент и процесната автоматизацијата, токму поради тоа што постојано демонстрира нови забележителни трансформации имплементирани во нејзините веќе успешни проекти“, коментираа од подружницата на компанијата кај нас.

 

 

Schneider Electric го најави дебито на пазарот на новата серија прекинувачи и контакти Unica, што претставува усовршена модификација на една од најуспешните палети на производителот. Таа е разработена во целосна компатибилност за да овозможи комбинирање или делумна замена. Прекинувачите и контактите Unica од новата генерација имаат различни стилови и функции кои ја задоволуваат потребата за ентериерни иновации и модерни поими за удобност.

 

„Unica има повеќе од 250 функции за осветлување, управување, заштита, удобност и комуникација, што ја прави погодна како за домашна средина така и за опремување на секаков вид зграда и објекти- од деловни комплекси до образовни институции“, посочија од Шнајдер Електрик Бугарија.

 

Компанијата има развиено и неколку подкатегории на Unica, кои имаат 30 различни бои на декоративната рамка; разновидни висококвалитетни материјали што се користат за нивната изработка; метални бои и рамки; механизми со антибактериска обвивка и многу други.

 

 

Квалитетите што ја разликуваат оптимизираната серија прекинувачи и контакти се:

 

  • Естетика;
  • Лесна монтажа;
  • Компатибилност со претходни решенија;
  • Обезбедено целосно монтирање на ѕид;
  • Повеќе простор за кабелски поврзувања.

 

Заедно со новата Unica, на пазарот беше лансиран и комплетниот систем за канцелариска опрема со подни кутии, столбови за биро и безжични полначи - Unica System+. Може да се користи во секој амбиент, дури и во удобноста на домот. Компатибилноста помеѓу усовршената Unica и Unica System+ отвора широко поле на можности за реализација на различни проекти.

 

Специјално за најнестрпливите да го допрат оптимизираната палета, Schneider Electric подготви интригантни и разновидни активности во текот на месец јули.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: 02/932 93 20

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Scheider Electric, freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »