Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Новиот робот со 7 оски на FANUC R1000iA ги оптимизира операциите во автомобилската индустрија

18 may 2018

In Bulgarian

 

Автомобилската индустрија е бизнис со мала маржа и голем волумен, тесно поврзана со продуктивноста и затоа е природно опкружување за индустриските роботи. „За време на саемот Fabtech 2017 беше прикажан роботот R1000iA, кој го заварува страничниот панел на нелакирана автомобилска каросерија за масовно производство. Ова е новиот робот со 7 оски на FANUC, кој е наменет да ги замени роботите со 6 оски или портални роботи, ослободувајќи го на тој начин подниот простор за други операции“, коментираа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

 

 

За да може да се извршат пунктирања, роботот мора да има масивно крајно работно тело. Како што се гледа од демонстративното видео, овој орган се врти со големи брзини, а тоа претставува фактор кој треба да се земе предвид, како за безбедноста, така и во однос на амортизирањето на роботот.

 

Заварувањето е класична примена за индустриската роботика, но последните промени во автомобилската индустрија поставуваат нови предизвици пред него како рентабилен процес. „На пример, моделот на Ford F150 неодамна веќе се произведува со целосно алуминиумска конструкција на каросеријата. Заварувањето на алуминиум е докажано тешко, особено за автоматизиран процес. Дури и при користење на челик за производството на тенки панели се применуваат нови типови легури со голема јачина, за да му бидат конкуренција на лесниот алуминиум“, изјавија од ФАНУК Бугарија.

 

 

Поради оваа причина индустриските роботи мора да бидат компатибилни со повеќе од едно работно тело, во зависност од конкретните производствени задачи. На пример, преку специјализираните работни тела може да се инсталираат шрафови или нитни. За да се справи со различните барања, FANUC работи со специјализирани подизведувачи, кои ги произведуваат овие механизми, за да се гарантира дека нејзините контролори се компатибилни со нив“, додаваат во заклучокот од ФАНУК Бугарија.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

 

 

Извор на фото материјал: ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, Fanuc

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »