Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Новата генерација на мултифункционален тестер за електрични инсталации MFT-X1 на Megger е првиот што е целосно интегриран

19 may 2023

In Albanian   In Bulgarian

 

MFT-X1 е иновативен мултифункционален тестер од нова генерација со можност за ажурирање на фирмверот и целосна функционалност за тестирање на нисконапонски електрични инсталации. MFT-X1 е од палетата на производи MFT на Megger и е со класификација CATIV 300 V. Уредот е наменета за користење во сите монофазни или трифазни домаќински, комерцијални и индустриски електрични инсталации.

 

 

За ползите од функцијата True Loop™

 

Тестирањето на импеданса True Loop™ е стандардна функција на MFT-X1. Најновата технологија за тестирање без контакт со 3 жици, вклучена во патентираниот Confidence Meter™, му нуди на корисникот сигурно, прецизно, стабилно и повторливо решение за тестирање на јамката.

 

Патентирана технологија за вистинитост на резултатите Confidence meter™

Сите опсези на импеданса на јамка веќе се поддржуваат со патентираната технологија Confidence meter™ на Megger.

 

Преземање на резултатите од MFT-X1 и префрлување во CertSuite

Резултатите од тестовите може да се означат со податоци за колото и да се префрлат во CertSuite - најновиот софтверски пакет за сертификација за електрични производи на Megger базиран на облак.

 

Тестирање на импеданса на јамка со висока резолуција

MFT-X1 обезбедува тестирање на импедансата на јамката со висока резолуција, која заедно со Confidence meter обезбедува прецизни мерења со резолуција од 0,001 Ω и PFC/PSCC пресметка на струја до 50 kA.

 

RCD конфигуратор и тестирање на точки за полнење за електрични возила

„Тестовите за заштита од резидуална струја RCD сега може да се оптимизираат со помош на конфигуратор кој овозможува избор или на целиот сет на тестови или само на оние елементи од RCD тестовите кои се неопходни“, објаснија од Мегер Бугарија.

 

 

Мерење на струја и оперативен систем што може да се надградува од страна на клиентот

„Вметнете microSD картичка и притиснете го копчето TEST за да започнете автоматски процес на ажурирање без да има потреба од дополнителна интервенција од страна на корисникот“, коментираа од Мегер Бугарија.

 

Дисплеј, кориснички интерфејс и Li-ION батерија

„Тестерите MFT-X1 може да се напојуваат со Li-ion батерија на Megger, со стандардни NiMH или алкални батерии. Уникатната Li-ION батерија на повторно полнење со капацитет од 4 Ahr може да се заменува со носечки модул за AA батерии, што обезбедува едно од најбрзите и флексибилни решенија за замена на батеријата во индустријата“, категорични изјавуваат од Мегер Бугарија.

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »