Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Комплетирање и модернизација на ПСОВ Карлово е меѓу успешно реализираните проекти од Старт Инженеринг

09 august 2017

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

Во последните години докажаната инженерска компанија Старт Инженеринг успешно учествува во процесот на изградба и модернизација на голем број водечки ПСОВ (пречистителни станици за отпадни води) во Бугарија, меѓу кои е и пречистителната станица за отпадни води во град  Карлово. „Во својата работа секогаш се водиме од принципите и нормите за заштита на животната средина. При создавањето на нови проекти во областа ги следиме светските трендови за енергетска ефикасност и еколошка соодветност“, споделија пред BalkanEngineer.com од друштвото.

 

 

Проектот „Комплетирање и модернизација на градска пречистителна станица за отпадни води и канализациска мрежа во Карлово“ е со вкупна вредност од околу 15 милиони лева, осигурени од Оперативната програма „Животна средина (2007-2013)“. Обновената градска пречистителна станица со капацитет 35 400 еквивалент жители e со изграден целосен биолошки третман на отпадни води и третман на талози. Старт Инженеринг учествува со проектирањето, испораката на опрема и сеопфатна монтажа по делови „Електро“, „Автоматизација“, вклучувајќи системи за собирање, управување и архивирање на податоците од објектот (SCADA), работи за пуштање и пробна работа и обука на персоналот.

 

„Технолошката опрема е од последната генерација и е испорачана од германски и шведски производители", вели инж. Михалков од Водовод и Канализација - Пловдив. Во рамките на проектот е доизградена и реконструирана канализациската мрежа во неколку населби во град Карлово, а исто така е извршена и рехабилитација на уличната мрежа.

 

 

„Изградбата на канализација на градот и ефикасно прочистување на отпадните води придонесуваат за заштита на подземните води во реонот и на површинските води на реките Стара река и Стрјама. Модернизацијата на пречистителната станица е од особено значење и за реката Марица, поради меѓународните обврски во врска со нејзиниот прекуграничен карактер ", споделија од друштвото.

 

Старт Инженеринг – централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3

Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

 

Извор на фотографии: Старт Инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »