In Bulgarian.
Дубаи е дестинација која восхитува со својот просперитет. Највпечатливи се не само изградбата на згради, но и вкупните урбанистички решенија. Метрото во Дубаи на пример е целосно автоматизирано, дури се движи без возач. Ако ѕирнеме зад фасадата на сјајните архитектонски и инженерски достигнувања, ќе видиме дека за да функционира правилно мрежата на метрото и да обезбедува удобност и хигиенски услови на корисниците, се потребни повеќе од 600 пумпи. „Сите пумпни капацитети во мрежата на метрото во Дубаи се доставени и инсталирани од Wilo“, соопштија за BalkanEngineer.com од Застапништвото на Wilo во Скопје.
Пумпите Wilo во мрежата на метрото во Дубаи покриваат различни намени, вклучително за климатизација, за препумпување и пренос на вода, како и за одводнување и дренажа.
„Некои од метро станиците имаат специфичен проблем - поради високата содржина на хартија, салфети и други отпадни материјали, канализационите пумпи блокираат. Редовното чистење сепак е скапа работна активност“, кажаа уште од македонската канцеларија на Wilo. Експерти од Wilo се запознаваат на место со случајот, за да проценат дали е можна замена на старата опрема со нов EMUport систем кој ги одделува цврстите честички.
„Така во 2016 година Дубаи го доби првиот ваков систем во историјата“, појаснија уште од Wilo и додадоа: „Неговата примена постигна одличен успех и од Дубаи порачаа уште 9 такви станици за следниот инвестициски проект“.
Канализацискиот систем за одвојување на талозите EMUport на Wilo се разликува од конвенционалните системи со својата иновативна технологија и конструкција, при што се користат ефикасни пумпи и значително се намалува ризикот од затнување на системот. Принципот на дејство на EMUport можете да го видите во видеото.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Извор на фотографии: Wilo