In Bulgarian In Serbian
Мелексис Бугарија ДООЕЛ е дел од структурата на глобалниот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и производството на автомобили Melexis. Моментално светски докажаната компанија е присутна со 15 локации во 11 земји во светот - Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини, Малезија, а во Бугарија е нејзината најголема база.
Мелексис Бугарија е основана во 2000 година, располага со центар за развој и производствена база во бугарскиот главен град Софија, како и со тимови за развој, производство, планирање, финансии, човечки ресурси и администрација.
Бугарската филијала на Melexis е специјализирана во разработката и тестирањето, од идеја до испораката до клиентот, на високо-технолошки интегрирани кола. Компанијата одржува богата палета на производи, меѓу кои сензори за температура, за притисок, за префрлување, оптички сензори за позиција, за брзина, моторни погони за пумпи, за вентилатори и др.
Заедно со нив компанијата разработува и мноштво иновативни производи според врвни технологии како следење на притисокот во гумите - TPMS, сензори за забрзување, жироскопи, автомобилски CMOS камери, head-up дисплеи (HUD), оптички шини, интегрирани LIN микроконтролери, 360-степено позиционирање и индикација и многу други.
Инвестициите во развојот и разработката на нови решенија се меѓу најголемите конкурентни предности на фирмата. Од 2000 година тимот во Софија создава над 45 нови производи во областа на микроелектрониката.
Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2
Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00
Е-mail: kro@melexis.com
Повеќе информации за Мелексис Бугарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Мелексис Бугарија ДООЕЛ