Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Маккаб: BTicino Classe 300EOS на Legrand е нов чекор во развојот на паметни технологии за паметен дом

27 november 2024

In Albanian In Bulgarian  In Serbian

 

Внатрешниот видео панел Classe 300EOS на Legrand ги менува замислите за поврзување и „паметен“ дом. Тој поседува технологија со 2 жици, поврзување со Wi-Fi, вграден гласовен асистент Alexa и управување со уред за безбедност Netatmo. Преку апликацијата Home + Security, покрај видео домофонските повици, може да се управуваат и други уреди од брендовите Legrand и Netatmo, со што на овој начин се создава целосен систем за автоматизација и безбедност. При тоа, побрзо и полесно од кога било досега“, информираа за BalkanEngineer.com од тимот на Маккаб, дел од групацијата на Филкаб, водечка трговска компанија во областа на електротехниката со партнерска мрежа на докажани производители во гранката.

  

„Видео панелот Classe 300EOS со Netatmo поседува стилски дизајн - во елегантна бела боја, вертикален и супер тенок. Со својот исчистен и модерен изглед, тој е бараниот акцент на секој дом – дава целосен и хармоничен изглед и нуди уникатно корисничко доживување. Дисплејот на допир поседува пријатна, заоблена форма, што го привлекува вниманието и функција за автоматско центрирање кога ќе се открие лице за гарантирана подобра видливост на посетителот“, објаснија специјалистите.

 

Classe 300EOS е производ на брендот BTicino, дел од Legrand Group, кој ги отелотворува иновациите во поврзаните технологии и трендовите во италијанскиот дизајн. Видео панелот со Netatmo е првиот со вграден гласовен асистент Alexa, кој им овозможува на корисниците да уживаат во доживувањето со гласовна интеракција со сите паметни функции, како што се персонализирани распореди, репродукција на музика, функција Smart Home, штелување на аларми и известувања, белешки и видео домофонски функции.

 

Спецификацијата на BTicino Classe 300EOS вклучува:

 - Можност за повикување на паметен телефон;

 - Поддршка за Wi-Fi конекција;

 - 5” вертикален LCD дисплеј на допир;

 - Комуникација без раце;

 - Вграден гласовен асистент Alexa;

 - Функција на телефонска секретарка;

 - Управување со известувања;

 - Управување со паметни уреди за безбедност Netatmo;

 - Отворена инсталација преку држач за инсталација вклучен во комплетот (се нуди и во комплет со влезен панел Linea 3000 (363915).

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Маккаб, Legrand,  ©Engineer.BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

  • 09 december 2024Нашиот WMS магацински софтвер е најпосакуваното решение за трансформација на логистички центри

    Освен правилното димензионирање на расположливиот магацински простор и обезбедување на компактност и флексибилност на складирање на магацинските единици, во дистрибутивниот центар од суштинско значење е и управувањето со оперативните процеси. Затоа, во следните редови, вашето внимание ќе го насочиме кон магацинскиот софтвер WMS имплементиран од специјалистите на STAMH Solutions. „Побарувачката за WMS магацински софтвер е се позголемено поради неговите неоспорни предности и можноста за флексибилно управување со палетизирана стока“, коментираа за BalkanEngineer.com од STAMH Group – меѓународна компанија специјализирана за високотехнолошки решенија, магацинска опрема и софтверско обезбедување.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »