In Bulgarian In Serbian In Albanian
Во оваа 2024 година, водечката индустриска групација Филкаб го обележува својот 25-годишен јубилеј. Во времето од своето основање до денес, Филкаб не престана да се развива, зголемувајќи ги компаниите во својот состав и својот тим, а на овој начин ги проширува своите пазарни удели на домашниот и на странскиот пазар. Фирма Филкаб АД е основана во 1999 година како наследник на активностите на неколку помали компании кои тргуваат со кабли и електрични материјали. И до денес, компанијата продолжува да воспоставува постојано висок квалитет на пазарот на електротехнички производи и услуги како стандард, отвора неколку трговски бази на територијата на Бугарија, како и нејзините подружници МаккаБ во Северна Македонија и Филкаб-Миг во Србија.
Освен дистрибуцијата и трговијата на големо и мало на електротехнички производи, Филкаб создаде и подружници кои развиваат производствени и проектни активности, достигнувајќи до сегашноста како етаблиран лидер на пазарот.
Таква компанија е Инженеринг ЕАД која произведува среднонапонски трафостаници (СрН), комплетни системи за дистрибуција (КРУ) СрН по лиценца од Schneider Electric, нисконапонски разводни табли за дистрибуција и заштита, управување и мониторинг и други. Компанијата врши и градежно-монтажни работи за изградба на електрични системи на индустриски и инфраструктурни објекти, приклучоци кон електродистрибутивната мрежа и кабелски линии НН, СрН и ВН (висок напон).
Дел од групацијата Филкаб е и Филкаб Солар - компанија која се занимава со проектирање, изградба, работа и одржување на фотонапонски системи. Кон крајот на 2021 година, кон групацијата на Филкаб се приклучи уште еден член - фирма Филкаб ФС, чија активност е насочена кон комплетна изведба на проекти за изградба на инсталации за гаснење и аларм за пожар во согласност со највисоките стандарди и најновите пазарни трендови во оваа област.
„Во 2021 година Филкаб носи уште една судбоносна одлука, имено создавањето на нова проектна компанија – ФЕЦ Оризари. Благодарение на акумулираното сериозно искуство со изградените фотонапонски паркови од над 500 MW во Бугарија и во странство, компанијата ја има довербата и потребното знаење да ја вложи својата енергија во изградбата на сопствен фотонапонски проект. Фотонапонскиот парк, кој во моментов е веќе во фаза на реализација, е со вкупна инсталирана моќност од 18 MW, а вкупната инвестиција изнесува 25,8 милиони лева“, информираат од „МаккаБ.
Во текот на својот развој низ годините, Филкаб и другите компании од групацијата воспоставија одлични деловни односи со многу етаблирани производители, што им овозможува да обезбедат производи, услуги и послужување со гаранција за висок квалитет, сигурност и професионалност.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: МаккаБ, Filkab, canva.com