Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Маккаб: Веќе 25 години групацијата Филкаб гради успешен бизнис заснован на иновации, квалитет и тимска работа

23 october 2024

In Bulgarian In Serbian  In Albanian

 

Во 2024 година, водечката трговска компанија Филкаб слави 25 години од своето основање. Со текот на годините, компанијата континуирано се развива, етаблирајќи се како сигурен и доверлив снабдувач на висококвалитетни електрични апарати. Растот на нејзината активност доведе до формирање на инженеринг компании во областа на електричната енергија, фотонапонските и противпожарните системи, формирајќи групација на компании, од кои секоја е етаблирана како лидер во својата област. „Четврт век во светот на бизнисот не е само време – тоа е приказна за упорност, иновации и прилагодување. Кога една компанија ќе ја достигне својата 25-годишнина, таа не само што ги слави своите успеси, туку и се подготвува за иднината со уште поголема амбиција и јасност на целите кон кои се стреми“, категорични се од Маккаб, дел од бизнис групацијата.

 

 

Идниот стратешки развој на Филкаб вклучува програми за глобален развој и поддршка на успехот на нивните клиенти. „Нашата визија е да бидеме важен дел од глобалниот развој, имплементирајќи иновативни технологии и поставувајќи нови трендови кои ги трансформираат индустриите и го подобруваат квалитетот на животот“, коментираа од компанијата за BalkanEngineer.com.

 

Концептот на одржлив развој на групацијата од компании Филкаб е секоја од компаниите да биде „мотор“ на промената во својот правец, кој не само што ги прилагодува новите идеи, туку и ги создава. „Ние веруваме дека преку иновации и одржливи решенија можеме да ги совладаме глобалните предизвици, да помогнеме во економскиот раст и да создадеме подобра иднина за следните генерации“, додадоа специјалистите. „Во однос на нашите клиенти, нашата мисија е да го поддржиме нивниот успех обезбедувајќи им висококвалитетни и одржливи решенија во областа на електричната енергија“, продолжија од компанијата.

 

За својата веќе сериозна историја, компанијата Филкаб се етаблира како сигурен партнер кој ги разбира специфичните потреби на своите клиенти нудејќи им иновативни производи и услуги кои ја оптимизираат ефикасноста и безбедноста на електричните системи.

 

 

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Маккаб, Филкаб, ©Engineer.BG via Canva

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »