In Bulgarian
За време на најголемиот трговски саем за роботика iREX во Токио, светскиот лидер во производство на индустриски роботи и решенија за автоматизација FANUC ги презентира своите решенија за фабриката на иднината, како и многу технолошки иновации. „Но, она што привлече најголемо внимание на штандот на FANUC беше најновиот колаборативен робот на компанијата CRX-10iA. Тој е исклучително лесна и ја подигнува соработката на луѓе и роботи на ново, уште повисоко ниво“, коментираа од ФАНУК Бугарија за BalkanEngineer.com.
Споредено со постојните колаборативни роботи од серијата CR на FANUC, новиот CRX-10iA е со значително помала тежина и затоа е полесен за инсталирање во широк спектар на примена како на пример автономни транспортни системи (AGV).
„Уште на прв поглед, белиот CRX-10iA пленува со својот ергономски дизајн. Зад тенкиот профил на раката и телото на роботот се наоѓа добро познатиот квалитет на FANUC, во комбинација со јасно дефинирани функции, лесна инсталација и интуитивно програмирање. Како и неговите CR колеги од „зелената“ серија, CRX-10iA може да биде опремен со систем за машинско гледање, што овозможува автономен утовар и истовар на контејнери или сталажни системи“, објаснија од канцеларијата на бугарската компанијата. За време на изложбата iREX, коботот CRX-10iA ја демонстрира неговата способност за полнење на метални полуфабрикати во центарот за обработка на метали ROBODRILL со помош на сензорот 3D Vision.
„FANUC со години изградува високо - технолошки системи за машинско гледање и сензори за сила, што се важен елемент во развојот на колаборативни роботи, со што прави уште еден важен чекор кон Smart Factory“, коментираа уште од ФАНУК Бугарија.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ФАНУК България