In Bulgarian
Ако производствената индустрија се стреми кон се поголема ефикасноста за да одговори на ригорозната пазарна побарувачка, тогаш технологијата ја презеде тешката задача да помогне процесите да бидат не само поисплатливи и сигурни, туку и максимално безбедни. Еве уште еден доказ – инфрацрвените прозорци за мониторинг на Iriss, кои им овозможуваат на претпријатијата да ја испитаат и анализираат својата критична електрична инфраструктура. Денес ќе ви раскажеме за примената на таква опрема во компанија за флаширање на вода во САД, а за тоа ни помагаат специјалистите од КМТ Сервис ДООЕЛ.
„Една од водечките компании за флаширање на вода со производствени капацитети во САД и Канада ги насочува своите напори за обезбедување можно највисоко ниво на безбедност за своите вработени“, раскажаа од KMT Сервис.
Компанијата за флаширање го минимизира ризикот при откривање „жаришта“ во таблата за главни разводни врски, основни и помошни прекинувачи со инсталирање на инфрацрвен прозорец на патентираниот транспарентен полимер на Iriss. На овој начин се користи безбеден метод за спроведување на стандардни инспекции, благодарение на што вработените нема да бидат изложени на влијанието од работата со специјализирана опрема. Затворениот панел со вграден прозорец не бара зголемени нива на заштита со лична заштитна опрема и со тоа се заштедува како време, така и ресурси за изведување на оваа важна активност.
„На крајот на краиштата, кратко време по воведувањето на овој метод на инспекција, доаѓаат резултатите. Потенцијалните проблеми се „фатени“ и отстранети долго пред да се претворат во непредвидени исклучувања. Компанијата за флаширање известува за зголемено просечно време помеѓу исклучувањата“, дополнија од КМТ Сервис во заклучок.
Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89
Телефон: +359 888 781 788
Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: КМТ Сервис ДООЕЛ, Iriss