Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервис обезбедува широк спектар на решенија за лоцирање на дефекти и следење на инфраструктурни мрежи

21 january 2019

In Bulgarian

 

КМТ Сервис ДООЕЛ е компанија со долгогодишно искуство во активностите за продажба и одржување на опрема за лоцирање на дефекти, тестирање и мониторинг на подземни комуникации, водовод и канализација и електропреносни системи. „Фирмата работи во тесна соработка со меѓународно докажани производители на специјализирана опрема. А од 2018 година квалитетот на нашата работа веќе се потврдува од меѓународни стандарди“, соопшти за BalkanEngineer.com инж. Брајко Дублеков, управител на друштвото.

 

 

Партнери на КМТ Сервис се лидери во производството и разработката на решенија за мониторинг на инфраструктурни мрежи како Megger, Seba KMT, Seba Hydrometrie, Flexim, Vivax Metrotech, KEP, Vibro Health, Cappellotto, IBAK Helmut Hunger, Messen Nord, Iriss и многу други.

 

Најновиот партнер на друштвото е израелската компанија Utilis која имплементира „вселенска технологија“ во методите за откривање на протекувања од мрежите на водовод и канализација.

 

 

КМТ Сервис имплементира системи за управување во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и BS OHSAS 18001:2007. Почнувајќи од 12 јуни 2018 година квалитетот на работа на компанијата веќе се потврдува од меѓународните стандарди за управување со квалитетот, животната средина, како и здравјето и безбедноста при работа. Сертификатите на фирмата важат за производи и услуги во следниот опсег: „Продажби, технички консултации и сервисирање на производи за тестирање, дијагностицирање, лоцирање на дефекти и откривање на ставени во земјата комуникациски и енергетски кабелски мрежи, тестирање на енергетски објекти, опрема за локализација на сокриени протекувања, мониторинг на загуба на вода и инспекција, анализа, поправка и одржување на цевководи“.

 

„Нашата главна цел е да доведеме до успешен крај секој проект на кој сме посветени. Нашите клиенти знаат дека можат да сметат на индивидуален пристап, коректност и висок професионализам. А квалитетот на нашата работа е веќе потврден и документиран“, изјави во заклучок г-дин Дублеков.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: КМТ Сервис ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »