Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

КМТ Сервис: Вештачки интелект врши инспекција на канализациони цевки со реален 3D внатрешен поглед

09 september 2019

In Bulgarian

 

Ако мобилните телефони можат да препознаат лица, софтверот на камерите за испитување на канализацијата исто може да се обучи и за идентификување на дефекти. Имено ова е главната цел на иновативната студија што докажаниот разработувач IBAK ја спроведува. „Аssisted Defects Analysis“ им овозможува на сите корисници на системот Panoramo да го обучуваат софтверот со свои податоци, така што вештачкиот интелект работи поефикасно во корист на сите. Повеќе за иницијативата како и за системот Panoramo раскажаа за BalkanEngineer.com од етаблираната бугарска компанија КМТ Сервис ДООЕЛ, партнер на IBAK кај нас.

 

 

Panoramo – да ја видиме канализацијата со „рибено око“

 

За разлика од конвенционалните видео снимки, Panoramo ги скенира канализационите мрежи со два дигитални фотоапарати со 185°, тип fisheye, (користени кај нас како рибено око) кои сликаат во интервали од 5 см. Потоа тие се поврзуваат автоматски, создавајќи вистински 3Д внатрешен поглед на целата цевка.

 

Во последната фаза на развој на технологијата, Panoramo е дополнително подобрено, така што видеата од 360 степени сега можат да се скенираат со резолуција од 4K.

 

 

Обликувај ја промената!“ – корисниците на Panoramo стануваат „наставници“ на вештачкиот интелект

 

За понатамошно оптимизирање на системот, IBAK започнува проект со кој се обезбедува можност за автоматско идентификување на состојбата на цевката.

 

Иницијативата IBAK ги принудува корисниците на Panoramo да станат „наставници“ при што да обучат вештачки интелект (ВИ) за инспекција на канализација. „Обликувај ја промената! Вклучи се во создавањето на софтвер од иднината со свои податоци“, се вели во слоганот за кампањата. Системот за истражување е во функција низ целиот свет повеќе од 10 години – период во кој беа направени фотографии од 360 степени што ги покриваат целата внатрешност на цевката. Ако се соберат сите овие информации, софтверот ќе научи како изгледаат врски на цевки, пукнатини, пробиени корени и другите дефекти. Така, кога ВИ ќе види видео од ново снимање, ќе може да го анализира според наученото.

 

Ако сакате да се вклучите во глобалниот проект, можете да ги поставите вашите Panoramo податоци ОВДЕ.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: КМТ Сервис ДООЕЛ, IBAK

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »