In Albanian In Bulgarian In Serbian
Sainte-Lizaigne, дел од групацијата Claire, го најави пазарното деби на иновативниот стегач за електрично заварување на цевки OmegaFlex. „Специјалистите за цевкасти системи на Sainte-Lizaigne конструираа производ кој значајно ја олеснува логистиката и теренската работа. OmegaFlex покрива широк опсег на дијаметри, обезбедувајќи лесна монтажа и исклучителна флексибилност во примената“, соопштија од етаблираната компанија КМТ Сервиз, која ја нуди палетата на производи на францускиот производител за Балканот.
Оптимизирана логистика за испорака и монтажа на ПЕ цевкасти системи
Стегачот за цевки OmegaFlex во голема мера ги олеснува интервенциите на градилиштето при поврзување на полиетиленски (ПЕ) цевки. Неговатаа патентирана флексибилност опфаќа од 3 до 6 големини на ПЕ цевки во зависност од моделот, при што само 5 различни големини ја покриваат целата палета на примена (од Ø 63 до 315 mm и повеќе).
„OmegaFlex обезбедува предности во секој чекор од логистичкиот процес, од испораката до монтажата на цевките, бидејќи е потребно да се нарачаат само ограничен број на делови. Нивната тежина е мала, а големините се компактни, што од друга страна го оптимизира просторот за транспорт и складирање. Освен тоа, на овој начин се минимизира ризикот од грешки при нарачката и подготовката на делови“, објаснија од КМТ Сервиз.
Сигурност и лесна монтажа со електрично заварени врски
Omegaflex поседува уникатен систем за поврзување. Ребрастиот каиш и преплетот овозможуваат стегачот да се постави околу цевката, а за негово прицврстување се користи специјален алат. Се монтира брзо бидејќи нема завртки или шрафови за затегнување пред заварувањето. „Овој иновативен уред е компатибилен со сите апарати за заварување кои се моментално на пазарот, при што читачот на баркодови се користи за старт на потребното време за загревање. Откако ќе се монтира поврзувачкиот вентил, врската може да се регулира за да се прилагоди на теренските услови“, разјаснија дополнително од компанијата.
Стегачот OmegaFlex се користи како за нови цевкасти инсталации, така и за поправка или реконструкција на постојни, што демонстрира подеднакво добри резултати и во двата случаи. Освен тоа може да се монтира и во услови на вакуум или под притисок.
Хибридна врска за мониторинг на мрежата за вода за пиење и нејзиното подобро управување
„Стегачот за електрично заварување има навојен дел (40x300 mm или 55x300 mm) наменет за поврзување на вентил од тип Globall 2038. На овој начин се формира хибридна врска која одговара на потребата за брзо поврзување на ПЕ цевки и поддржува фитинзи за вентили кои се сигурни тестирани за издржливост во водоводната мрежа. Откако ќе се инсталира, врската се набљудува како и секоја метална врска, станувајќи клучна точка од мрежата која го олеснува наоѓањето на протекувања“, додадоа уште од КМТ Сервиз.
Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89
Телефон: 00359 888 781 788
Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: КМТ Сервиз, Claire