Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Интересот за металургијата собра млади и докажани професионалци во Денот на отворени врати на Осам АД (MTG)

17 december 2019

In Bulgarian   In Serbian


За степенот на ефективност на различните техники што компаниите ги избираат да го привлечат најдобрите кадри и да ја промовираат својата активност, се водат многу дискусии. Сепак, практиката покажува дека деновите кога тие ќе ги отворат своите врати за да го откријат својот свет се корисни како за гостите така и за домаќините. Таков пристап традиционално избира и Метал Технолоџи Груп (MTG) - бугарски производствен лидер со долгогодишни традиции во областа на металургијата. На крајот на месец ноември годинава се одржа Ден на отворени врати во едно од претпријатијата на MTG - Осам АД во град Ловеч, Бугарија.

 


„На денот на отворените врати во Осам АД организиравме обиколка на нашата индустриска база, за време на која ги демонстриравме производствените процеси на производите во фабриката. Посетителите беа запознаени директно со технологијата и опремата што ги користиме во нашата секојдневна работа“, објавија од MTG.


Во Осам АД се остварува машинско леење на сив и нодуларен лив во песочни калапи. Производите се применуваат во железничката индустрија, вклучително и детали за систем за сопирање на високобрзинските возови, како и разни видови на железнички делови за водечки клиенти во браншата. Во претпријатието се произведуваат сите видови на фитинзи за вода за пиење и отпадни води и противпожарни хидранти, како и делови за општа машиноградба, тешки товарни возила и земјоделски машини.

 


„Нашата цел е да привлекуваме луѓе кои имаат долгорочни и амбициозни планови за својот развој во кариерата, затоа што благодарение на ваквите специјалисти MTG одржува водечки позиции во металуршката бранша“, објаснија од MTG.

 

Ако се препознаете во вредностите, културата и природата на работа во металуршката компанија, тогаш MTG е вистинското место за Вашата реализација, без разлика дали имате стручна квалификација или допрва претстои да ја развивате својата кариера. Проверете ги слободни работни места сега!

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

  

 Извор на фото материјал: Метал Технолоџи Групација АД, unsplash.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »