In Albanian In Bulgarian
За време на саемот ЕМО 2023, кој се одржа во септември оваа година во Хановер, FANUC ги демонстрира своите најнови производи и комплетни решенија, демонстрирајќи им на производителите и потрошувачите како можат успешно да ги решат актуелните предизвици, како на пример, зголемувањето на цените на електричната енергија. „Трите области кои се во фокусот на FANUC ги одразуваат трендовите во машиноградбата. FANUC продолжува да работи во тесна соработка со своите клиенти и ќе ја одржува својата стратегија за разработка на иновативни решенија за подобрување на процесите и условите во производствените гранки“, коментираа од фирмата.
Уште поголема енергетска ефикасност
Меѓу најважните иновации прикажани на саемот беше новата генерација CNC, која иако се уште е во процес на развој, светската премиера ја имаше токму за време на EMO 2023. Опремен со современ интерфејс iHMI2, CNC управувањето FS500-iA обезбедува значително поголема продуктивност, ја поддржува секоја машинска кинематика и обезбедува подобри визуелни информации за операторот. Корисниците можат да постигнат и заштеда на енергија од околу 10% благодарение на новиот погонски систем ai-D.
Дигитализација на производството
И покрај тоа дека автоматизацијата на машинските центри е важен фактор за зголемување на продажбата за FANUC во последниве години, роботите го наоѓаат своето важно место во фабрики, логистички центри и други места, извршувајќи широк спектар на примена. Сè поголем број од нив вклучуваат системи за машинско гледање кои бараат висока компјутерска моќ. На EMO, FANUC го претстави новото сигурно решение iPC Box за усовршени роботизирани намени.
„FANUC неодамна ја зголеми носивоста на своите коботи на 30 килограми за CRX-25iA и на 50 килограми за CR-35azB, со што го прави најновиот модел еден од најмоќните коботи на пазарот. Побарувачката за коботи драстично се зголеми во последниве години бидејќи тие лесно се интегрираат во постојните производствени линии без да има потреба од безбедносни бариери или огради, со што се заштедува простор и се дава можност да се работи рака под рака со операторите“, додадоа уште од компанијата.
Автоматизација и подготовка на млади специјалисти
Друг важен проблем во современата индустрија е недостигот на добро подготвен персонал. Автоматизираните и лесни за употреба решенија ја елиминираат потребата од висококвалификуван персонал и ги ослободуваат работниците од повторливи, монотони и опасни задачи. За да им помогне на компаниите да ги подобрат вештините на своите вработени, FANUC ги прошири своите центри за обука и академии лоцирани низ цела Европа. Компанијата исто така работи со универзитети и образовни институции за да ја обучи следната генерација специјалисти за автоматизација.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: FANUC