Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж. Румен Христов од Стам Лтд: „Задоволен сум кога проектот е извршен беспрекорно и клиентот е задоволен“

19 december 2019

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

Да си инженер „Динамични и автоматизирани решенија за магацини“ бара полн работен ден, а понекогаш и после тоа. За инж. Румен Христов од Стам Лтд задоволството од беспрекорно извршен проект, задоволни клиенти и солиден тим се моторите кои веќе осум години ја одржуваат неговата желба да развива, проектира и изградува уште посложени и иновативни автоматизирани магацини. За да дознаете што друго тој изјавува за Balkanengineer.com, прочитајте ги следните редови.

 


Здраво! Како се викате и какво работно место имате во компанијата?


Здраво! Се викам Румен Христов и сум инженер „Динамични и автоматизирани решенија за магацини“. Работам во Стам Лтд веќе 8 години.


Какво образование имате?


Јас сум градежен инженер по образование. Завршив магистерски студии на Високата школа за градежништво „Љубен Каравелов“, Софија, Бугарија.


Како започнува вашиот работен ден?


За мене, работниот ден, како и сите други, започнува со кафе и вода. Сепак, штом седнам на бирото, е-поштата е првото нешто што го разгледувам. Всушност, често ја проверувам дури и после работа, бидејќи моите обврски не се само во работно време. Се обидувам, откако ќе разгледам сè, да направам план и да ги степенувам задачите според приоритет во денот.

 


Кои се главните задачи и активности што секојдневно ги извршувате?


Во мојата работа, важно е задачите што бараат ментална активност да бидат завршени во почетокот на денот, бидејќи после тоа заморот има збор. Одговорностите што ги имам се сложени, не се грижам само за проектирање, туку и со управувањето со целиот процес за реализација на проектот, вклучително и финансискиот дел на крајот.


Кои се одговорностите што ги имате?


Проектот треба да биде завршен без грешки или непредвидени ситуации, и секако клиентот да биде задоволен. Мотото на г-дин Христо Урумов, извршен директор на Стам Лтд е да се биде иноватор во сè и тоа се пренесува врз нас. На овој начин се стремиме да го извршиме секој проект.


Зошто ви се допаѓа вашата работа?


Заради колегите и задоволството од добро завршената работа. Ние сме јадро од неколку инженери и сме заедно повеќе од 5 години.


Што си велите на крајот од работниот ден?


Ги следам внимателно моите задачи во текот на денот, правам планови за следниот и никогаш не престанувам да ги следам моите цели.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1616, ул. „Панорамски пат“ 38

Телефон: 00 359 2/955 56 42

Е-mail: office@stamh.com

 

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »