Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж Нишан Баздигјан, управител на РАИС, ја коментираше иновативната машина со 8 вретена разработена во соработка со Siemens

01 june 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Romaian  In Serbian  

 

"Не постојат невозможни работи. Квалитетот е она со што никогаш не правиме компромиси“, категорично велат од компанијата

 

Во изминатата година, ви раскажавме за заедничкиот проект на машиноградбената компанија РАИС и Siemens, сектор Дигитални индустрии, кој вклучуваше разработка на иновативна машина со 8 вретена, признаена на престижниот интерен натпревар на Siemens и наградена со наградата „Siemens Superheroes“ 2022.  За суштината на приспособениот проект, чија цел е оптимизација на производството и неговото еколошки влијание, како и за долгогодишното партнерство меѓу двете компании, раскажа инж. Нишан Баздигјан, управител на РАИС.

 

 

„Нашето партнерство со Siemens е докажано во времето од речиси 20 години. Во овој период имавме бројни заеднички проекти обединети во барање по оптимално решение за потребите на клиентот. РАИС е компанија која е изградена на иновации и се стреми да постигне повисоки резултати во однос на ефикасноста, квалитетот и брзината на обработка. Токму овие фундаментални принципи ги наоѓаме во тимот на Siemens. Заедничката насока е причината поради која го најдовме нашиот заедничкиот пат“, коментира инж. Баздигјан.

 

Машина со осум вретена: Прилагоден проект за модернизација на производството во Идеал Стандарт – Видима

 

Проектот е насочен кон оптимизирање на производството на најновите модели на миксери за вода на Идеал Стандарт - Видима АД. Клиентот побарал стручно мислење од Siemens,  откако добил понуда од кинески производител. Siemens, од своја страна, им се обрати на специјалистите од РАИС со идеја да разработат машина која да обезбеди најефективното решение за модернизација на производството на конкретните производи. Разработката на РАИС ги надминува очекувањата на компанијата нарачувач. Така, Идеал Стандарт - Видима добива индивидуално решение кое е модерно, ефикасно и сигурно.

 

 

„Машината со осум вретена што ја разработивме ги глода одлеаноците на миксерите  за вода со голема брзина и прецизност, гарантирана со најнова генерација на технологијата. Неговата суштинска предност е што 8 детали се обработуваат истовремено во единица време. Добиениот производ има иста дебелина на ѕидовите. При неговата обработка се постигнува голема заштеда на материјал во споредба со досега користената опрема (забелешка на уредникот рачно брусење)“, објаснија од РАИС.

 

Предностите на машината со 8 вретена се:

-Висок степен на ефикасност;

-Висока продуктивност;

-Постојано висок квалитет со можност за надградба на дизајнот на производите (посложени форми и контури);

-Значајна заштеда на метали и енергија.

 

Додадената вредност за клиентот

 

„Најочигледната придобивка е обработката на 8 детали по единица време. Вертикалната машина за пилинг со CNC RAIS MP700 е со висока продуктивност, исклучително ефикасна и гарантира постојан висок квалитет на обработените производи. Таа целосно ги исполнува барањата на клиентите за минимална загуба на материјал и 98% рециклирање на струготината. Тоа, од друга страна, доведува до пониска цена на готовиот производ“, продолжи со коментарот г-дин Баздигјан.

 

Отпечаток врз животната средина

 

„Клиентите ни веруваат бидејќи знаат дека ќе добијат комплексно индивидуално решение според нивната задача. Нашите разработки ги користат најновите и тестирани технологии за да гарантираат висока продуктивност и прецизност. Јас сум од оние луѓе кои знаат дека не постојат невозможни работи. Така работи и целиот тим на РАИС. Секогаш постои начин, само треба да се пронајде. Квалитетот е она со што не правиме компромиси“, додаде инж. Нишан Баздигјан.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: РАИС (RAIS), Siemens

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »