Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж. Гилиштаров од ФАНУК: Бугарскиот индустријалец е со позитивен став во врска со автоматизацијата

30 january 2020

In Bulgarian

 

Четвртата индустриска револуција, носејќи со себе нови технолошки можности, паметни машини и поврзани решенија и услуги, продолжува вешто да си пробива пат и на бугарскиот пазар. Но, како тоа ќе се одрази врз работната сила кај нас и дали вработените со пониски квалификации се чувствуваат загрозени? Дали Бугарија е навистина подготвена да ја дочека Индустрија 4.0 и какви се ставовите на бугарскиот индустријалец? Во ексклузивно интервју за Инженер.bg, побаравме одговор на овие прашања од инженер Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија, кој исто така ги коментираше најновите глобални трендови во областа на автоматизацијата и роботизацијата, како и неговите впечатоци од годинашното издание на меѓународниот форум ЕМО.

 

Г-дин Гилиштаров, какви беа новостите и најновите трендови што ги видовте на ЕМО 2019?

 

Фокусот на овај саем беше во насока на поврзаност на алатни машини и споделување на информации. Секој од водечките производители презентира систем за собирање и обработка на податоци.

 

Во интерес на вистината, моите очекувања беа да видам повеќе решенија за роботизација на алатни машини. Во овој правец немаше бум, што укажува дека сè повеќе индустријата ги прифаќа овие решенија како стандардни. Се разбира, беа презентирани слични решенија, кои се со поголем степен на интеграција во споредба со машините од саемот пред две години. Ова ме натера да мислам дека сме во момент на посериозно преосмислување на функционалноста на машините, автоматизацијата и роботизацијата пред следниот технолошки скок.

 

Со оглед на нивото на техниката и технологиите, дали е можно да се појави нов водечки производител на роботи?

 

Теоретски, секогаш е можно да се појави нов производител на индустриски роботи. Мое лично очекување е дека кој и да е од постојните или идни производители на индустриски роботи успее да направи пробив при целосна интеграција на вештачката интелигенција кај индустрискиот робот, тој ќе доминира на пазарот. И прашањето овде не е само што можеме да очекуваме, туку и тоа, што индустријата може да понуди како краен работен производ.

 

На пример, 3D технологијата на FANUC за оптичко препознавање на случајно позиционирани детали. Оваа „vision“ технологија, или т.н. гледање на машината е еден од клучните елементи на вештачката интелигенција. Таа му дозволува на роботот да препознае предмети со различна форма, сместени во произволна позиција во просторот и да преземе активности за нивното фаќање и преместување до одредена позиција.

 

 

Друг чекор во развојот на вештачката интелигенција е автоматската оптимизација на траекторијата на роботот. Денес, овој процес на оптимизација на траекторијата е во рацете на инженерите, но со ново разработената функционалност, оваа активност ќе му биде оставена на самиот робот.

 

Дали е можно да се каже дека индустријалецот кај нас е подготвен за автоматизација? Дали има отпор при имплементација на автоматизирани и роботизирани решенија?

 

Јас би рекол дека и средното хиерархиско ниво и високиот менаџмент се позитивно расположени во однос на автоматизацијата. Еден од двигателите на оваа промена е токму недостигот на работна сила.

 

Единствениот отпор може да се должи на недостатокот на искуство и немање познавање за новите технологии и можностите за нивно интегрирање со постојната опрема. Ова се должи на фактот дека сè уште нема доволно обучен персонал за промена на стереотипните ставови.

 

И како ќе биде организирана обуката на специјалисти за роботи? Дали универзитетите ќе создадат специјализации или водечките компании од оваа област ќе се ангажираат со ова?

 

Основата на познавањето на технолошките иновации мора да се случи за време на високото образование. Верувам дека образовниот систем ја има оваа мисија, особено во однос на развојот на бизнисот и индустријата во нашата земја. Исклучително добра иницијатива е воведувањето на дуалното образование. Од своја страна, бизнисот исто така треба да го дефинира она што му е потребно како човечки ресурси. Како целина, трендот што се набљудува е дека новите специјалисти не се подготвени со знаење да учествуваат во проекти со високо ниво на автоматизација и роботизација. Ова исто така повлекува и одреден отпор од страна на индустријата при имплементација на роботизацијата.

 

Сепак за радост во Бугарија, постојат многу добри примери на високообразовни технички институции, а не големи, кои работат многу напорно за прилагодување на современите програми за обука според барањата на бизнисот и истовремено се исклучително активни во врската помеѓу бизнисот и студентите.

 

ФАНУК Бугарија е одговорна и за други пазари освен бугарскиот. Може ли да се тврди дека позитивните ставови кон роботизацијата се карактеристични и за соседна Грција, Северна Македонија и Албанија?

 

Подготвеноста за имплементација на роботизирани системи од страна на индустриите на овие пазари може да биде иста, но таа зависи и од типот на индустријата. На пример, во Грција прехранбената индустрија е водечка индустрија во која автоматизацијата и роботизацијата се многу силно изразени. Во Бугарија е застапен повеќе секторот за обработка на метали. Соодветно на тоа, типот на роботизирани апликации со кои се соочува ФАНУК Бугарија е многу разновиден, што нè прави многу пофлексибилни и подготвени.

 

Северна Македонија, независно од тоа, дека на прв поглед е мала како пазар, има неколку исклучително добро развиени високо технолошки компании со голем број интегрирани роботи во нив, што ја става на технолошки план меѓу земјите на Балканот со технолошки стабилен развој.

 

 

Може ли да се направи биланс меѓу нивото на роботизација на пример во Јапонија, Централна Европа и нашиот регион?

 

Видот на индустријата е водечки за степенот на автоматизација и роботизација. Да се споредуваат само броеви не би било коректно, бидејќи јапонската економија е една од најразвијните во светски димензии. Како и да е, земјата со најголема концентрација на роботи во светот е Јужна Кореја - 710 роботи на 10,000 вработени во индустријата. Сè уште нема официјална статистика за Бугарија, но според наша проценка можеме да претпоставиме дека густината е околу 50-60 роботи на 10,000 вработени во индустријата.

 

Каде се наоѓа FANUC во овие глобални процеси од областа на роботизацијата - што е најновото и најинтересното од активностите на компанијата?

 

FANUC продолжува да создава глобални трендови со своите нови производи и визија за управување со производството. Една од најновите разработки е т.н. FIELD систем кој овозможува собирање на сите процесни информации за машини од кој било вид и производители во едно производство. На пример, податоци за продуктивноста, потрошувачката на енергија, вибрациите, температурата на серво погоните, потребата од одржување и многу други.

 

 

Уникатноста на FIELD се состои во тоа дека ова е отворена платформа која им овозможува на секој од заинтересираните да разработи апликација за анализа и управување со овие информации. Апликациите разработени на овој начин се достапни за сите корисници на FILED и тие избираат која апликација најдобро ќе одговара на нивните потреби. Врз основа на добиената анализа за конкретното производство, клиентот на FIELD може да преземе активности, на пример, за зголемување на продуктивноста. Точно во ова се покажува уникатноста на FIELD како систем.

 

Во последно време постојано се зборува за Индустрија 4.0, но сè уште нема официјална дефиниција за Четвртата индустриска револуција. Како би ја дефинирале вие?

 

Општо земено, идејата зад Индустрија 4.0 е да се зголеми ефикасноста на секое производство. Ефикасноста има многу лица, но технолошки тоа изгледа вака: собирање на информации од апсолутно сите машини и работници, анализирање на податоците и, како резултат - донесување соодветни, навремени и ефикасни решенија за следни активности со цел оптимизација на производството.

 

Каква ќе биде Индустрија 5.0?

 

Се уште не се зборува за Индустрија 5.0, бидејќи секоја нова фаза се појавува откако претходната ги исцрпила своите можности. Во моментов, ние сè уште навлегуваме во самиот почеток на концептот Индустрија 4.0 и сме многу далеку од неговото исцрпување.

 

Постојат многу шпекулации дека роботизацијата ќе доведе до затворање на работни места. Од друга страна, се разработуваат тези за исчезнување на цели професии.

 

Јас би рекол дека ќе се смени начинот на работа и активностите а не толку бројот на самите работни места. На пример, ако некој оператор работи денес на алатна машина со рачно управување, и во следниот момент управува систем со робот, тогаш активностите што ги извршува ќе се променат целосно. За оваа цел ќе биде потребна преквалификација во насока на нови надлежности, т.е. ќе се набљудува еволуција на стари професии во нови.

 

Во врска со тоа, неопходно е да се изгради сеопфатна стратегија на бугарскиот образовен систем, кој треба да се прилагоди флексибилно и брзо, во зависност од тоа какви специјалисти ќе бидат потребни не само утре, туку и по 5 и 10 години.

 

На техничко ниво, кој јазол во конструкцијата на роботите го достигнал својот технолошки врв? Кои се Вашите очекувања за следната генерација на роботи?

 

Од гледна точка на индустријата, тешко може да се каже дека достигнавме техничко ниво, од кое нема следен чекор во насока на развој и усовршување. На пример, колаборативните роботи ги рефлектираат најновите трендови во индустриската роботизација и овозможуваат соработка меѓу човекот и роботот. Очекувањата се дека овој вид на роботи ќе наоѓаат зголемена примена во најразлични индустриски примени.

 

 

Од гледна точка на функционалноста на индустриските роботи, нивниот развој е чекор по чекор и не може да се очекува некаков грандиозен скок. Тој го следи развојот на технологијата, врз основа на елементите, на можностите за програмирање. Огромна улога има и вештачката интелигенција која ќе навлегува уште повеќе. Тоа ќе ги олеснува како работата на операторите преку паметни роботи и машини, така и самото програмирање на роботите.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg, ФАНУК България

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »