In Bulgarian
За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98, која е специјализирана за производство на комплети форми за стакларската индустрија. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство и зошто сервисните услуги за опремата се од огромно значење.
Вие исто така ги користите услугите на ФАНУК Бугарија. Кои услуги обезбедени од сервисот на ФАНУК Ви помогнаа успешно да управувате со Вашето производство и да ги постигнете вашите деловни цели?
Работиме со континуиран циклус на производство – 24 часа/ 7 дена неделно. Затоа е многу важно за нас машините да бидат во ред и да работат беспрекорно.
Со цел да гарантираме минимални непланирани прекини, секоја година сервисот на ФАНУК врши профилакса на сите CNC системи на FANUC и машините ROBODRILL во компанијата.
Понекогаш ие јавуваат проблеми што ги решаваме со телефонски консултации, што е одлична опција затоа што се заштедуваат време и пари.
Во која прилика последно побаравте помош од сервисот на ФАНУК?
Вршевме поправка на една од машините ROBODRILL, стара 11 години. Имаше потреба од замена на серво моторите на Х и У оските заради зголемена лабавост. Морам да истакнам дека по поправката машината ги достигна параметрите на нова, штотуку произведена машина. Ние сме крајно задоволни од ова.
Кои се Вашите впечатоци од работата на сервисот ФАНУК Бугарија?
Повеќе од 25 години ги користиме сервисните услуги на ФАНУК Бугарија и причините се повеќе од една. Ние сме крајно задоволни од нивната брза и навремена реакција. Резервните делови исто така пристигнуваат брзо, тие се со висок квалитет и имаат разумна цена. Сервисот дава гаранција како за својата поправка, така и за резервните делови што се вградени.
Специјалистите се компетентни, со широко знаење и висока квалификација. Комуникацијата со нив е исклучително лесна.
Дали ќе продолжите да ги користите сервисните услуги на ФУНУК Бугарија и зошто?
Нашата соработка со ФАНУК е ветување за работа без хаварии и успешно работење на машините со марка FANUC. Оваа врска е исклучително важна за нас. Таа ни овозможува да се чувствуваме уверени дека што и да се случи имаме доверлив партнер зад нас, за да ни помогне да ги надминеме нашите проблеми.
На крајот од нашиот разговор, дали предвидувате идни инвестиции? Во принцип, кој е патот пред ИНХОМ-98 и каде е местото на FANUC по него?
Во моментов е во изградба нова производствена хала. Инвестициите што ги предвидуваме вклучуваат и нови машини со CNC FANUC , т.е. идниот развој на фирма ИНХОМ-98 ќе продолжи да биде тесно поврзан со опремата FANUC и сервисот на Фанук Бугарија.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Инженер.bg