In Bulgarian In Romanian In Serbian
Т и Д Инженеринг е докажана бугарска инженеринг компанија, чија активност е концентрирана во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Компанијата реализира задачи во различни области на проектирањето, производството и услугите. „Една од областите во кои се развиваме со години и имаме бројни успешно завршени проекти е имплементација на целосен инженеринг на комплетни системи за енергетски менаџмент и реконструкција на трафостаници“, информираа од компанијата за BalkanEngineer.com.
Системи за енергетски менаџмент
Комплетниот инженеринг на целиот систем на енергетски менаџмент, кој го извршува Т и Д Инженеринг, вклучува проекти за истражување и проверка на постојната положба и техничката состојба на трафостаници, можностите за изградба на рути и канали за комуникација и реконструкција, како и подготовка на концепт за реализација на системи за енергетски менаџмент.
Реконструкции на трафостаници
„За целокупно проектирање на електрично-енергетските трафостаници, им се доверуваме на нашите проектанти кои ја познаваат основната опрема на скоро сите поголеми европски фирми-производители на апаратура за висок и среден напон што се користи во вакви проекти“, додадоа од Т и Д Инженеринг.
Реконструкцијата на трафостаници што ги спроведува компанијата вклучува некои од следниве активности:
- Реконструкција и рехабилитација на ЗДУ (затворен дистрибутивен систем) среден напон;
- Примарна комутација – проектирање и изведба;
- Секундарна комутација и телемеханика - проектирање и изведба.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46
Телефон: 00 359 52/312 100
Тел./Факс: 00 359 52/312 658
E-mail: office@tid-engineering.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Т и Д Инженеринг ДООЕЛ