Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инженеринг ЕАД: Обезбедуваме висок квалитет на изработката на нестандардни метални производи

17 august 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Изработката на нестандардни метални производи како елементи од изведба на проекти од областа на енергетиката, индустриското и јавното градежништво може да се претвори во предизвик за градежните компании, бидејќи бара сериозно ниво на експертиза. Успешниот пристап во овој случај подразбира постоење на современа професионална опрема и компетентен тим со длабоко познавање и големо теоретско и практично искуство. „Поседуваме капацитет и технички можности да изведуваме висококвалитетни нестандардни метални производи со успешна примена во повеќе области, а нашите долгогодишни партнерства со меѓународни инвеститори и нарачувачи се неоспорен доказ за тоа“, коментираа од тимот на Инженеринг ЕАД.

 

 

Компанија Инженеринг ЕАД е дел од групацијата Филкаб и развива активности во две главни насоки:

-Комплексни инженерски услуги во областа на дистрибуција на електрична енергија, пренос на електрична енергија, индустриска автоматизација, контрола и друго;

-Производство на комплетни трансформаторски трафостаници (KTТ), комплетни уреди за распределба (KУР), електрични ормани и нестандардни метални производи, како и бетонски комплетни трансформаторски трафостаници (БКТТ), наменети за напојување на домашни и индустриски корисници.

 

Инженеринг ЕАД поседува своја модерна производствена база, која вклучува погони за обработка на лимови, пресување, обработка на метали, заварување, прашкасто бојадисување и монтажа на метални конструкции. Ова му овозможува на нејзиниот тим да произведува нестандардни производи според индивидуален проект. Компанијата може да обезбеди како професионални совети, така и целосно да ги проектира производите според конкретните потреби.

 

Компанијата инвестира во создавањето на висококвалификувани тимови, со уверување дека тие се од клучно значење за квалитетот на изработката, монтажата и изведувањето на градежните и монтажните работи (ГМР), за авторитетот на Инженеринг ЕАД и за одржувањето на успешни долгорочни партнерства.

 

 

„Повеќе од 1.500 задоволни клиенти ѝ се доверија на нашата компанија“, раскажаа од компанијата, систематизирајќи ги следните свои конкурентски предности:

-Постоење на квалификувани специјалисти за проектно-конструкторски и инженерски активности;

-Големата инвестиција во производствената база овозможува брзо, квалитетно и прецизно извршување на нарачките;

-Професионално подготвени тимови за пуштање во употреба и вршење на гарантен и вонгарантен сервис.

 

Инженеринг ЕАД  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »