Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Индустриските транспортери разработувани од Мултиинженеринг се гаранција за ефикасно и флексибилно производство

30 april 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Romanian In Serbian

 

Во основата на секое современо производство се наоѓаат автоматизирани системи и опрема како што се индустриски конвеери и транспортери, кои остваруваат ефикасен, сигурен и прецизен транспорт на производството од почетната до крајната точка на производствениот процес. А која е нивната суштина, главни функции и значење за бизнисот за Инженер.bg раскажаа професионалците од водечката компанија Мултиинженеринг, специјализирана за проектирањето и производството на транспортни ленти и транспортери, како и за цели индустриски транспортни системи.

 

 

„Транспортерите се механички уреди наменети за преместување на материјали, работни парчиња и производи од едно до друго место во рамките на процесот на производство. Тие играат клучна улога во оптимизацијата на производствените операции и зголемувањето на продуктивноста. Мултиинженеринг разработува и нуди различни модели на индустриски транспортери, кои се одликуваат со висок квалитет, флексибилност и ефикасност“, објаснија од компанијата.

 

Индустриските транспортни решенија што ги конструира Мултиинженеринг можат да изведуваат основни технолошки функции кои придонесуваат за оптималното одвивање на производствениот процес. Дел од нив се:

- Транспортирање

Транспортерите обезбедуваат непречено пренесување на протокот на материјали од едно до друго место. Тие можат целосно да се конфигурираат според специфичните потреби и барања на клиентот, на пример да задоволат одредена транспортна висина, брзина и капацитет.

- Акумулирање

Некои модели на транспортери обезбедуваат можност за привремено складирање на производството на одредени точки долж производствената линија. Ова помага за балансирање на производствените текови и спречува преоптоварување на подинамичните делови од производствените линии.

- Сортирање

Транспортерите се користат и за автоматско сортирање на производи врз основа на различни критериуми како големина, тежина или други карактеристики. Ова во голема мера ја подобрува ефикасноста на производството и го намалува ризикот од грешки.

 

Видови индустриски транспортери, дел од портфолиото на Мултиинженеринг

Во зависност од индивидуалните потреби и барања на клиентот, Мултиинженеринг произведува и нуди широк спектар на индустриски транспортери. Меѓу нив се:

- Транспортери со ролери;

- Транспортери со ленти;

- Транспортер со синџир;

- Транспортер со метална лента;

- Лифтови и елеватори;

- Транспортер со модулна лента;

- Транспортер за кривини.

 

 

„Разработуваните од нас транспортери се широко користени во различни индустриски сектори. Тие се користат во производството на храна и пијалаци, во фармацевтската индустрија, во автомобилската индустрија, во логистиката и други. Изборот на соодветен модел на транспортер целосно зависи од специфичните потреби и барања на соодветната индустрија“, додадоа уште од Мултиинженеринг.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359 89 852 3739  

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 88 837 2116 

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Повеќе информации за ЕТ Мултиинженеринг слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мултиинженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 22 january 2025GreMa 3D: Интраоралните 3D скенери на Denpark со вештачка интелигенција се следната фаза во развојот на технологиите за дентална

    „Дел од портфолиото на компанијата Denpark се интелигентни интраорални скенери базирани на вештачка интелигенција, што со право може да се сметаат за револуционерно дигитално решение за денталната индустрија“, изјавија за BalkanEngineer.com од фирма GreMa 3D, која е официјален партнер на високотехнолошкиот производител Suzhou Denpark Tech.

  • 21 january 2025KMT Сервиз: Лазечките системи Zikmund обезбедуваат флексибилност што овозможува испитување на секакви цевководи

    Освен системот за испитување на мали цевководи TechWorm, чешката компанија Zikmund electronics нуди во своето портфолио и лазечки системи, погодни за сите видови на цевководи, кои притоа се одликуваат со исклучителна флексибилност. „Лазечките системи со бренд Zikmund се модулни и нивните компоненти се взаемно заменливи, што овозможува да се постигнат различни конструкции, кои одговараат на потребите на соодветната примена. Освен тоа, тие се наменети да издржат при тешки работни услови и се мобилни, што значително ги олеснува активностите на операторите“, објаснија за BalkanEngineer.com од КМТ Сервиз.

  • 21 january 2025Лазатек: Филтер за маслена магла FX6000 на Filtermist ги отстранува водните пареи од системи за перење на детали

    Filtermist испорача високотемпературна, отпорна на корозија верзија на својот добро познат филтер за маслена магла во примена за брзо отстранување на водните пареи од моќни системи за перење на детали на етаблираната компанија Clean-Tek. Машините за перење и обезмастување Clean-Tek се дел од производствената палета на Wheelabrator Group, глобален производител и снабдувач на опрема за подготовка на површините на метални детали. Clean-Tek нуди разновидна палета на опрема за чистење, обезмастување и ултразвук, почнувајќи од економични мали модели до машини со голем капацитет за употреба во автомобилската, воздухопловната и многу други индустриски гранки.

  • 20 january 2025Инженеринг ЕАД: Извршивме целосна електрична изградба на високотехнолошката фабрика за електрични елосипеди E-Velox

    Фабриката за електрични велосипеди E-Velox, чија активност започна во 2023 година, е дел од структурата на првата бугарска компанија за производство на електрични велосипеди. Во изградбата на објектот учествуваше и компанијата Инженеринг ЕАД како подизведувач на електричниот дел од проектот. „Објектот е нова високотехнолошка фабрика на компанијата инвеститор Лидер 96 за производството на електрични велосипеди. Фабриката е сместена во индустриската зона на град Куклен, во близина на Пловдив“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 20 january 2025Филкаб Солар: Врз основа на нашето богато искуство, можеме да понудиме персонализирани решенија во енергетскиот сектор

    Филкаб Солар е водечка компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија во секторот на обновливата енергија, со посебен фокус на сончевата енергетика. Компанијата е дел од бизнис групацијата Филкаб, која има над 25 години искуство во енергетскиот сектор. Нејзиното седиште се наоѓа во Пловдив и вклучува неколку специјализирани компании како што се Филкаб Солар, Инженеринг и Филкаб Фајар Системс, кои обезбедуваат експертиза во различни сегменти од индустријата. Филкаб Солар нуди проектирање, набавка на материјали, изградба и одржување на фотонапонски системи за различни намени, вклучително мрежни, автономни и хибридни соларни системи. „Учествуваме во проекти како во земјата, така и во странство, при што нашиот фокус е на обновливата енергија и поконкретно фотонапонските системи“, коментира за BalkanEngineer.com г-дин Слав Ландов, управител на Филкаб Солар.

  • 17 january 2025Со реплицирани контролни уреди од Rochester, производител од воената индустрија успева да избегне скап редизајн

    Интегрирањето на неоригиналните полупроводнички компоненти во критични системи носи сериозни ризици. Ова особено важи за индустриски сектори, како што е воената индустрија, каде што безбедноста на луѓето е од огромно значење и во голема мера зависи од правилното функционирање на уредите. Документирани се бројни инциденти, предизвикани токму од лошата работа на фалсификувани полупроводници, кои предизвикуваат сериозни дефекти и проблеми со здравјето и безбедноста на луѓето.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »