In Bulgarian
FANUC е еден од светските „мотори“ во областа на индустриската автоматизација. Компанијата има инсталирано повеќе од 550 000 роботи, 4 милиони CNC контролери и 19 милиони серво мотори во речиси секоја точка од Земјината топка. „Нивото на индустриска автоматизација сè уште не е исто во различните европски земји. Но земјите од Источна Европа се се поблиску до технолошкото ниво на Западот, а највпечатливиот тренд е навлегувањето на колаборативните роботи во производствените процеси“, информираа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.
Иако стравувањата од забавување на економскиот раст, проблематичните трговски односи и излегувањето на Велика Британија од Европската унија ги забавуваат инвестициите во некои делови од Западна Европа, земјите од Источна Европа задржуваат високи стапки на развој на индустриската автоматизација.
„На пазарот на колаборативни роботи се натпреваруваат неколку сериозни светски производители, но ние од FANUC се гордееме со тоа, што го имаме најобемниот и најсигурниот спектар на коботи. Нашите модели се движат од најмалиот CR-4iA кој може да се справи со товар до 4 килограми, до најголемиот CR-35 iA кој може да покренува товари до 35 килограми“, појасни г-дин Шиничи Танзава, претседател на FANUC Europe. Коботите го преземаат извршувањето на операции со тешки товари, работејќи рамо до рамо со работниците, без да е потребна специјална опрема за безбедност и заштитни огради. „Интересот за колаборативните роботи е општ тренд во цела Европа“, додаде г-дин Танзава.
Структурата на FANUC опфаќа 263 канцеларии и претставништва кои опслужуваат 108 земји со повеќе од 7.000 лица. Во Европа, FANUC има 22 партнерски друштва и околу 1400 вработени.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, FANUC