Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Електричен виљушкар за подигнување со автоматска платформа на преклопување VENI KMS.AC.Р 1500/4,5

09 april 2019

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Виљушкар со рачно управување за подигнување (стакер) со автоматска платформа на преклопување за операторот KMS.AC.Р 1500/4,5 го нуди на вниманието на бугарските специјалисти докажаниот кај нас производител на магацинска опрема Вени и Ко ДОО. Виљушкарот е со повеќе-целна намена и е погоден за палетизирани товари со максимална тежина до 1500 килограми и складирање/симнување од коти на полици до 4.5 метри при среден до тежок режим на работа.

 

 

Вградената автоматска платформа на преклопување му овозможува на возачот да помине подолги растојанија, без на операторот да му се предизвика дополнителен замор.

 

Со голема способност за маневрирање, за време на работа, наведнатата рачка за управување го позиционира операторот на безбедно растојание од шасијата на машината и во исто време му овозможува лесен пристап до органите за управување кои се сместени ергономски на командната глава.

 

Можна дополнителна опрема за подобрување на продуктивноста:

 - EPS пакет, вклучувајќи серво движење на управувачот, механички интерфејс;

 - Овластен пристап со ПИН код;

 - Батерии NEXSYS технологија

 

Централна канцеларија:

Адреса: 51-53 Kutlovista Str., Entr. B, Fl. 1,1505 Sofia, Bulgaria

Телефон: 00 359 2/946 13 93

E-mail: info@veni-bg.com

 

Изложбена сала:

Адреса: 1517 Sofia, Poduyane Region, Cross-section of bul. Botevgradsko Chausse and ul. Vitiniya, Suhata Reka bl. 111

Телефон: 00 359 2/946 13 93; 00 359 885 297 556

E-mail: sales@veni-bg.com,  info@veni-bg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалВени и Ко ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 may 2020ФАНУК Бугарија: FANUC го продолжува рокот за бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE

    „Во овие тешки времиња со кои се среќава светот, мисијата на компанијата е да ги поддржува своите клиенти во нивните напори за поефикасна работа и зголемување на продуктивноста. Затоа, FANUC го продолжува периодот на бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE до 30 септември 2020 година, а корисниците можат да ги преземаат и двата софтвери откако ќе се регистрираат на сајтот во порталот MyFANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија за BalkanEngineer.com.

  • 15 may 2020Megger организира бесплатни вебинари за обука во текот на целата 2020 година. Погледнете ги темите!

    „Условите во кои е ставен светот денес е беспорно го менуваат начинот на работа и обука, заедно со која било друга секојдневна активност. Но, во противтежа на физичката изолација, знаењето станува се подостапно. Светот оди преку Интернет, а со него и образованието. Megger не заостанува од трендот и подготви разновидна програма од виртуелни состаноци за да им бидеме уште покорисна на нашите клиенти и партнери“, коментираа од бугарската подружница.

  • 13 may 2020Систем за далечинско известување за природен гас на Унисист Инженеринг обезбедува податоци во реално време

    Системот UDS на бугарската производствена компанија Унисист Инженеринг е наменет за далечинско известување на количините на природен гас преку мерни места сместени на територијата што ја послужува соодветната компанија за гас. Таа поседува интелигентен софтвер кој овозможува континуиран пристап до податоците од преносната мрежа на гас во реално време. Контролата на пристапот до податоците се определува преку различни нивоа - на пример, администратор, оператор и други.

  • 05 may 2020Т и Д Инженеринг: „Квалитетот на понудените од нас производи и услуги е потврден со соодветни сертификати“

    Основана во 2004 година, докажаната бугарска компанија Т и Д Инженеринг ги насочува своите активности кон инженерингот во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката, нудејќи услуги за проектирање и производство. „Нашето портфолио е исклучително разновидно - од изградба на индустриски мрежи на програмибилни контролери и средства за автоматизација, до проектирање на трафостаници, реконструкција и модернизација на кранови“, информираа за BalkanEngineer.com. од Т и Д Инженеринг.

  • 04 may 2020Сите високоефикасни разменувачи на топлина од марката Tesy ја вклучуваат патентираната технологија турбулатор

    Дали знаете која е функцијата на разменувачите на топлина во бојлерот? И што е турбулатор? За да ги разјасниме овие прашања ги контактиравме специјалистите на Теси. Бугарскиот производител на електрични бојлери и уреди за греење е меѓу водечките во Европа, при што производствениот капацитет на компанијата е 1,5 милиони уреди годишно. Производите со марката Tesy се продаваат во повеќе од 54 земји низ целиот свет, при што прометот на компанијата во 2019 година надминува 72 милиони евра.

  • 29 april 2020Мегер Бугарија: Кои се главните тестови на трансформатори и каква опрема се користи за нив?

    „Електричните трансформатори се една од најважните компоненти на електричните системи. И нивната точност и сигурност се од клучно значење за наплатливоста на плаќањата. Затоа е неопходно тековните заштитните електрични трансформатори да одржуваат точност преку широк опсег за да го обезбедат правилното функционирање на заштитата со релеи и да спречат несакани исклучувања“, изјавија за BalkanEngineer.com од Мегер Бугарија – подружница на светскиот лидер за мерна опрема Megger.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 28 may 2020Романската компанија Romgaz планира 3,2 милијарди евра инвестиции

    Романската државна компанија за гас Romgaz планира да инвестира 3,2 милијарди евра до 2025 година. Износот ќе биде инвестиран како во оф-шор проекти, така и за производство на природен гас на копно, вклучително и работи за сондирање, изградба на бунари и копнени технолошки инсталации. Се очекува околу половина од инвестициите (49%) да бидат финансирани од сопствени извори на романската компанија. За останатите 44%, Romgaz планира да привлече странски инвеститори, а 7% да бидат европски средства. Romgaz е најголем производител на природен гас во Романија и една од најголемите компании за гас во Источна Европа.

  • 26 may 2020ИТ секторот во Србија бележи зголемени нивоа на инвестиции

    Браншата исто така бележи напредок на домашниот пазар, достигнувајќи инвестиции од над 80 евра по глава на жител. Иако овие бројки се уште се далеку од просечното ниво на ИТ инвестициите во Европската унија од 800 евра по глава на жител, до 2025 година инвестициите во ИТ секторот во Србија би можеле да достигнат до 150 евра, истовремено одржувајќи го сегашното ниво на раст. Во Србија, голем број градови стануваат ИТ центри, од најразвиените се Нови Сад, Белград, Крагуевац и Ниш, а потоа следат Суботица и Зрењанин. Во моментов, 8 од 10 софтверски компании во земјата се во странска сопственост.

  • 20 may 2020Германски производители на електрични компоненти градат фабрики во Србија

    Германските компании за електроника HDT и A2000, специјализирани за производство на печатени плочи, ја финализираат изградбата на нивните фабрики во град Свиланац, Србија. Се очекува во двете претпријатија да бидат вработени вкупно 200 висококвалификувани работници, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Фабриката HDT ќе зафаќа површина од 2000 метри квадратни и ќе биде идното работно место на 100 вработени.

  • 18 may 2020Continental бара инженери и техничари за својата фабрика во Романија

    Германската групација Continental, која управува фабрика за електронски компоненти во романскиот град Сибиу, продолжува да ангажира нови работници и покрај вонредната состојба предизвикана од ширењето на COVID-19, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Со своите 4500 вработени, таа е најголемата фабрика во Западната индустриска зона на градот. Според зборовите на претставник на компанијата, не се извршени отпуштања на вработени и продолжува вработувањето на нови кадри. Почитувајќи ги анти-епидемиските мерки, Continental ги спроведува своите интервјуа за работа целосно преку Интернет.

  • 13 may 2020Романски стартап имплементира роботи за обработка на барања во банки

    Романската стартап компанија Future WorkForce е креатор на софтверски робот за обработка на барања што банките ги добиваат од клиенти кои сакаат да ги одложат своите уплати, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Две банки веќе ја интегрираа технолошката иновација, која има капацитет да обработува 240 барања на час. Иновативното решение може да ги обработува барањата испратени од клиенти преку сите дигитални канали на банките - преку онлајн формулар преку веб сајтот на институциите, е-пошта, како и кореспонденција преку апликација chatbot.

  • 11 may 2020Green Miles Chemicals инвестира во нова фабрика во Србија

    Хемиската компанија Green Miles Chemicals планира да изгради нова фабрика во индустриската зона во град Зрењанин, Србија, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Претпријатието ќе биде наменето за производство на трибутил фосфат. Проектираниот капацитет на фабриката, која ќе биде опремена со три производствени линии, ќе биде 6000 тони годишно. Технологијата на производството е проектирана и ќе биде испорачана од кинеската компанија Tianjin Green-Chem-Engineering Chemical Technology. Инвестицијата вклучува изградба на административна зграда, производствен дел, резервоари и поврзани објекти.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 29 may 2020Македонската компанија TeachHoot со онлајн платформа за обука

    Платформата Teachhoot нуди лесен начин за работа, вклучително и модел на „класично учење“, кој им овозможува на учениците да изберат тема, да најдат наставник и да се договорат за цена на услугата. Онлајн платформата исто така дава можност да се предава преку „решавање на проблеми“, каде што многу наставници можат да одговараат на прашање на одредена тема поставено од еден ученик. За развој на решението за онлајн обука TeachHoot соработува со Халкбанк, единствената банка во Северна Македонија која обезбедува платежни платформи за електронски бизнис.

  • 27 may 2020Бугарска компанија имплементира колаборативни роботи во индустријата

    Бугарската компанија за автоматизација Gіgа Аutоmаtа објави дека веќе започнала масовно производство на колаборативни работи (коботи), дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Се очекува првите 50 бугарски коботи да бидат наскоро имплементирани во локалното производство. Современиот технолошки развој на компанијата, наречена Аnіmоtо, може лесно да се прилагоди за извршувањето на повторувачки активности во производството. Коботот е погодно решение за голем број индустриски примени, меѓу кои производство на автомобили и машиноградба, прехранбена индустрија, производство на уреди и многу други.

  • 21 may 2020Rehau Скопје со дигитален саем за иновативни решенија за прозорци

    Како резултат на глобалната криза од ширењето на корона вирусот, многу настани беа откажани, меѓу кои и саемот за фасадни решенија, врати и прозорци во Нирнберг, Германија. И покрај тоа, производителот Rehau наоѓа начин да ги претстави своите иновации во областа на прозорските системи за 2020 година, организирајќи виртуелен саем, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Покрај производството на прозорци и профили, Rehau ја специјализира својата активност и за развој на комплетни решенија, вклучувајќи интелигентни додатоци, системи за лизгање и безбедносни решенија, создавајќи додадена вредност за своите клиенти.

  • 19 may 2020Бугарија со Меѓународен технички саем во Пловдив во есен

    Најголемиот индустриски саем во Бугарија - Меѓународен технички саем, ќе се одржи од 14 до 19 септември 2020 година во град Пловдив. Минатогодишното издание на настанот пречека фирми од 34 земји, кои демонстрираа технолошки иновации и трансформации во бизнисот. а да се исполнат барањата на бизнисот од 21 век, ќе бидат додадени модерни елементи и флексибилни изложбени решенија - тематски зони и специјализирани секции, со цел да се покажат и истакнат поединечните сектори. Саемот ќе вклучува и зони за демонстрација, каде техниката ќе биде претставена во акција за да се демонстрираат нејзините квалитети.

  • 14 may 2020Србија со меѓународна конференција за решенија за обновливи извори на енергија во оваа есен

    Осмото издание на Меѓународната конференција за обновливи извори на електрична енергија ќе се одржи во Србија во октомври 2020 година. Настанот ќе биде посветен на истражувањата и развојот на технологиите за обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Конференцијата е во организација на Сојузот на машински инженери, електроинженери и техничари во Србија (SMEITS) и Асоцијацијата за обновливи извори на енергија и ќе се одржи во главниот град Белград на 15 и 16 октомври 2020 година.

  • 12 may 2020Бугарска компанија во подготовка за лансирање на втор сателит

    Бугарската компанија за нано-сателити Endurosat продолжува со развојот на сателитски комуникациски услуги и ќе се подготвува за лансирање на втор сопствен сателит. Денес, Endurosat планира да го лансира својот втор сателит кон крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година. Тој ќе се поврзува со IoT копнени уреди, што ќе овозможи употреба на собраните податоци, а услугата ќе биде наплатена со плаќање на претплата за нивното регуларно примање. Бугарската компанија Endurosat е меѓу првите инвестиции на фондот Neo Ventures, која во 2017 година привлече 1 милион евра финансирање.

Види ги сите »