In Bulgarian In Serbian
„Градежниот сектор е директно поврзан со здравјето и безбедноста на луѓето, затоа бугарското законодавство со право поставува сериозни барања за компаниите кои градат објекти од областа на енергетската инфраструктура“, коментираа од Инженеринг ЕАД. Компанијата, дел од групацијата на компании на Филкаб АД, име со најброен персонал во рамките на Филкаб. Компанијата Инженеринг ЕАД е специјализирана за изведба на целосен спектар на технички услуги наменети за објекти од енергетската инфраструктура.
„Нашата компанија поседува сертификати за работа од прва до петта категорија во рамките на трета група – градби од енергетска инфраструктура. Имаме и сертификати за прва група на високоградба и нејзината соодветна инфраструктура. Квалификувани сме да изведуваме втора група на градби од транспортната инфраструктура, согласно Правилникот за постапката за упис и одржување на Централниот професионален регистар на градежници (ППУОЦПРГ). Овие групи и категории се добиени со задоволување на многу конкретни барања создадени од законодавецот со цел да се обезбеди присуството на само квалитетни компании во наведените сектори“, објаснија од Инженеринг ЕАД.
„Нашата сила се наоѓа во користењето на сопствени човечки ресурси, механизација и опрема“, потенцираа од компанијата и го детализираа своето искуство во изградбата, реконструкцијата и пуштањето во употреба на:
- Кабелски далноводи од 0,4 kV до 110 kV;
- Надз емни далноводи од 0,4 kV до 35 kV;
- Затвoрени дистрибутивни системи од 0,4 kV до 35 kV;
- Фабрички и јавни електрични инсталации од 0,4 kV до 35 kV;
- Инсталации за осветлување во индустриски и јавни згради, тунели, патишта и други.
Не еден и два се значајните објекти од областа на енергетската инфраструктура што ја исполнуваат со конкретна содржина визит-картата на Инженеринг ЕАД. Меѓу нив е и проектот КЕЦ (Кориснички енергетски центар) Стамболијски со инвеститор ЕВН Бугарија Електроразпраделение ЕАД вреден 3.700.000 лева, во кој компанијата е главен изведувач. Суштината на работата вклучува изведба на електрични инсталација, градежни, ископувачки и обновувачки работи.
Инженеринг ЕАД се гордее и со реализацијата на сериозен објект како што е Когенерација Пловдив на територијата на ТЕ Север со инвеститор ЕВН Топлификација. Овде компанијата се јавува како подизведувач на делот „Електричен“, а вредноста на договорот е 489.229,56 лева без ДДВ.
Друг типичен енергетски проект е Трафостаница Царацово 110/20 kV со инвеститор ЕВН Бугарија Електроразпраделение ЕАД, како изведувачи се Сименс ДООЕЛ и Филкаб АД, а Инженеринг ЕАД е во улога на подизведувач за делот „Електричен“.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, Филкаб, pixabay.com