Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Во домашната гаража, возниот парк или во движење – Schneider Electric развива сеопфатно портфолио на решенија

05 may 2023

In Albanian   In Bulgarian

 

Иднината на планетата е обележана со енергетската транзиција, која директно влијае на транспортните средства. Затоа глобалниот технолошки лидер Schneider Electric не сопира да го проширува своето портфолио на решенија за електромобилност. Станици за полнење за домот, возниот парк или додека сте во движење - компанијата нуди комплетен пакет на услуги кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на секој клиент.

 

 

Паметното полнење на автомобилот може да биде возможно на секое место благодарение на понудите на Schneider Electric. „Сопствениците на домови имаат можност да имаат корист од лесното, зелено, безбедно и интелигентно искуство за полнењето со оптимизирана потрошувачка и намалување на  јаглеродниот отпечаток“, раскажаа од компанијата. Кај возните паркови, се разгледува можноста за изградба на комплетна инфраструктура, со прилагодливи станици за полнење на електрични возила, што не само што ги намалува вкупните трошоци, туку и го монетизира полнењето во движење. Друг интересен предлог во сферата е решение за улична и транзитна електромобилност, што им овозможува на возачите да користат паметно и брзо полнење.

 

Од компанијата разработуваат сеопфатна стратегија за електромобилност, која има за цел ефективно планирање и спроведување на секој проект во областа. Исто така, таа вклучува и следење на системот - преку ревизија и консултации кои да ја идентификуваат состојбата на постоечкте објекти и да се детализира опсегот и целите на проектот за електромобилна инфраструктура. Во анализата подготвена од компанијата се присутни и потенцијални партнери и основните заинтересирани страни.

 

Зголемувањето на ефикасноста е директно поврзано со дигитализацијата на секторот. Од компанијата наведуваат: „Надвор од станицата за полнење, ќе добиете комплетно решение за ефикасно искуство за полнење на електрични возила (ЕВ), имено со оптимизирање на трошоците за електрична енергија со сигурна и интелигентна инфраструктура, вклучително заштитни уреди, разводни табли и броила“.

 

 

Енергетскиот менаџмент е составен дел од целосниот опсег на услуги на Schneider Electric, кои обезбедуваат „континуитет на напојување на зградите и минимални трошоци за обновување на електричната мрежа, како и намалување на сметките за електрична енергија со систем за управување на оптоварувањето за интелигентно и ефикасно полнење на „ЕВ“. А за системите за управување со згради, компанијата нуди сеопфатни решенија и услуги за зголемување на деловната ефикасност и намалување на оперативните трошоци, како и истовремено се зголемува удобноста на станарите и вредноста на средствата со системи за мониторинг кои обезбедуваат клучни информации.

 

„Schneider Electric има целосен каталог на производи и услуги со кои можете да произведувате, складирате и користите зелена и чиста енергија“, коментираа уште  од Шнајдер Електрик Бугарија.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +350 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »