Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Делницата од Пругата Пловдив - Бургас во Бугарија е модернизирана со активно учество на фирма ТиД Инженеринг

02 november 2017

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

Докажаната инженерска компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ е меѓу главните подизведувачи во проект за рехабилитација на железничката инфраструктура во делници од железничката пруга Пловдив - Бургас, објавија за BalkanEngineer.com експерти од компанијата. Инвестицијата е во висина од над 19,5 милиони лева со ДДВ, а нарачувачот на проектот е Државното претпријатие „Национална компанија железничка инфраструктура“ (ДП „НКЖИ“), со управен орган за објектот - Дирекција „Координација на програми и проекти“ при Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации (МТИТС).

 

 

„Проектот вклучуваше активности за реконструкција, поправка и модернизација на влечни трафостаници Стара Загора и Нова Загора, како и изградба на систем за далечинско управување на влечни трафостаници (ТПС), сите секциски постови (СП) и сите секциски распределувачи (СР) во станиците од Михајлово до Бургас од железничката пруга Пловдив - Бургас. Неговата изведба беше остварена со кофинансирање од Кохезивниот фонд на Европската унија (ЕУ), преку ОП „Транспорт“ 2007-2013 година“, коментираа од фирмата.

 

Железничката пруга Пловдив - Бургас се наоѓа на коридор „Ориент/Источно –Медитерански“ од главната TEN-T мрежа. Постојната железничка пруга Пловдив - Бургас е електрифицирани со вкупна должина од 292 км, од кои 139 км - единична и 153 км - двојна пруга. Проектираната брзина за железничката пруга се движи во опсегот 100 - 160 км/час.

 

 

„Напојувањето со номинален напон 25 kV на воздушната контакт мрежа во железничката делница од Михајлово до Бургас се обезбедува од пет влечни трафостаници - ТПС Стара Загора, Нова Загора, Јамбол, Карнобат и Бургас“, објаснија од ТиД Инженеринг.

 

Завршувањето на проектот придонесува за исполнување на преземените обврски на Бугарија за развој на железничката инфраструктура и постигнување на европските стандарди во согласност со политиката на Европската унија и стабилен развој на Транс-европските транспортни мрежи.

 

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, град Варна 9010 П.Ф. 243, населба „Изгрв" бр. 865

Телефон: 00 359 52/312 100

Тел./Факс: 00 359 52/312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

 

Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »