Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Бер-Хелла Термоконтрол ја проширува својата база во Божуриште, Бугарија и отвора 150 нови работни места

09 august 2018

In Bulgarian

 

Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ започна големоа проширување на својата фабрика во индустриската зона Софија-Божуриште, Бугарија, соопштија за BalkanEngineer.com од друштвото, што е дел од структурата на германскиот производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Потегот е дел од долгорочната стратегија за развој на компанијата, како резултат на инвестицијата производствениот капацитет на Бер-Хелла Термоконтрол е планирано да се зголеми за 80%.

 

Градежните работи на проширувањето започнаа во мај 2018 година и се очекува да завршат до март 2019 година. Производствената и логистичката површина на BHTC ќе се зголемат со нови 6 480 м2, а бројот на производствените линии ќе се удвои. На овој начин компанијата ќе може да работи на нови проекти за своите сегашни клиенти.

 

„Скоро 150 нови работни места ќе бидат отворени во врска со проширувањето“, изјавија уште од Бер-Хелла Термоконтрол.

 

„Ова е проект од големо значење за нашиот бизнис на Балканот и во Европа. Одлуката за него беше донесена по внимателна анализа на нашите долгорочни перспективи во Бугарија. И затоа тоа е многу важна потврда за постигнувањата на BHTC во земјата. Затоа ја користам можноста да му се заблагодарам на целиот тим за нивните напори, трпеливост и посветеност кон работата. Заедно успеавме да докажеме дека во Бугарија работат професионалци на светско ниво и таква инвестиција во земјата дефинитивно вреди“, коментира г-дин Мартин Ниланд, генерален менаџер на Бер-Хелла Термоконтрол.

 

 

BHTC е специјализирана во разработката и производството на електроника за системи за климатизација за автомобилската индустрија, при што во портфолиото на бугарската единица се вклучени панели и апарати за послужување и управување на автомобилски инсталации за климатизација, сензори за климатизација, контролери за воздух, PTC греачи за стакла и други.

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »