Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Алуком АД, дел од МТГ, го проширува својот производствен капацитет

26 october 2018

In Bulgarian   In Serbian

 

Докажаната бугарска леарница на алуминиумски легури Алуком АД, град Плевен, Бугарија, презема иницијатива за подобрување на енергетската ефикасност и проширување на производствениот капацитет, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Леарницата, која е дел од холдингот Метал Технолоџи Групација АД, освои европско и национално кофинансирање според процедура BG16RFOP002-3.002 „Зголемување на енергетската ефикасност во големи претпријатија“.

 

„За време на официјалната церемонија беа доделени вкупно 50 договори за постапката, меѓу кои и договорот на Алуком АД. Рокот за реализација на проектите е 24 месеци“, коментираа тие.

 

 

Вкупната вредност на договорот на Алуком АД е во висина од 3.897.762,10 лева., од кои 1.656.548,91 лева европско кофинансирање, 292.332,15 лева - национално, а останатите 1 948.881,04 лева - сопствено финансирање од страна на плевенското друштво. „Во проектот се предвидува испорака на енергетски ефикасна опрема потребна за зголемување на производствениот капацитет, вклучително: инсталација за производство на срца, индукциона печка со два сада, 3 машини за леење и роботска ќелија за чистење на одлеаноци", појаснија од леарницата.

 

„Покрај опишаните долготрајни материјални средства, реализацијата на проектите вклучува уште инвестиции во системи за искористување на отпадната топлина, системи за енергетски мониторинг кои опфаќаат најмалку 60% од потрошувачката на електрична енергија на фабриките, како и сертификација по ISO 50001“, објаснија од леарницата во Плевен.

 

Очекуваните резултати по купувањето и пуштањето во употреба на новата опрема во леарницата се:

 - Проширување на производствениот капацитет;

 - Намалување на трошоците на енергија преку купување на нова, модерна, автоматизирана, енергетски ефикасна опрема, автоматски систем за мониторинг и воведување на системи за искористување на преостанатата топлинска енергија;

 - Намалување на емисиите на CO2;

 - Подобрување на конкурентноста на претпријатијата.

 

„Покрај тоа, во проектот се застапени и принципите за еднаквост и недискриминација", изјавија во заклучокот од компанијата.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Алуком АД

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »